На видеото што се шири на Фејсбук не е премиерката на Нов Зеланд
Видеото прикажано во постот не е автентично, туку монтирано и изменето со таканаречената дипфејк техника и на него лажно е претставена премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн како пуши наркотици. Оригиналното видео е објавено на Јутјуб во 2019 година, а на него се гледа како една жена пуши канабис во нејзината бања
Видеото прикажано во постот не е автентично, туку монтирано и изменето со таканаречената „дип фејк“ техника и на него лажно е претставена премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн како пуши наркотици. Оригиналното видео е објавено на Јутјуб во 2019 година, а на него се гледа како една жена пуши канабис во нејзината бања
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се вели дека на видео прикажана е „премиерката на кокаин“ на Нов Зеланд .
Видеото е поделено на два дела. На првиот премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн дава интервју, а на вториот е прикажана личност која наликува на неа, како пуши луле за коешто авторот на постот тврди дека е кокаин.
Но, не станува збор за автентично видео од премиерката на Нов Зеланд, туку монтирано и изменето видео со таканаречената дипфејк техника. Видеото трае 57 секунди и е објавено на Фејсбук од македонски корисник на 2 февруари 2022. На него се гледа како наводно Ардерн зборува, издувува чад и реагира на ефекти на наркотици.
Меѓутоа, видеото не е вистинско туку е изменето и намонтирано е нејзиното лице на друго тело. Од коментарите коишто се објавени под постот што го рецензираме е евидентно дека корисниците на Фејсбук не ја разбрале шегата, односно дека видеото е монтажа. Оригиналното видео е објавено на Јутјуб во 2019 година, а на него пуши канабис жена во нејзината бања.
Видеото е ограничено да може да го гледа само полнолетна публика. Ама, евидентно е дека на него не е премиерката на Нов Зеланд, туку друга жена која се снима себеси како пуши марихуана во тоалет.
Во октомври 2020 година, фотомонтирана изменета верзија од овој клип се појави на друг Јутјуб канал наречен „Џенјуин Фејк“, а на тоа видео, се гледа дека лицето на видеото е заменето со ликот на премиерката Ардерн.
Овој канал „Џенјуин Фејк“ ексклузивно објавува дипфејк видеа од политичари и познати личности, меѓу кои и оние на Доналд и Меланија Трамп. Видеата се монтирани и не се вистинити, а техниката дипфејк е користена во секое од нив.
Дипфејк е технологија на 21 век, каде се користи вештачка интелигенција наречена длабоко учење, односно deep learning за да се направат лажни фотографии од настани. Се користат за да им се стават лажни изјави во устите на политичарите, личности да се презентираат како да се актери во филмови, иако ништо од тоа нема врска со реалноста.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека видеото во кое се тврди дека премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн како зема кокаин, е изменето видео (altered video).
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар