На видеото во оваа објава не е директорот на СЗО Тедрос Гебрејесус

Фото: who.int

Наспроти објавеното во објавата што ја рецензираме, видеото од маж со мустаќи кој носи шорцови и маица и танцува држејќи чаша не е од генералниот директор на СЗО 

Наспроти објавеното во објавата што ја рецензираме, видеото од маж со мустаќи кој носи шорцови и маица и танцува држејќи чаша не е од генералниот директор на СЗО 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

И директорот на СЗО слави победа за пактот со Министерството за здравство од северџистан и прекрасната соработка со неговите колеги.

Во склоп на објавата се споделува видеоматеријал за кој се тврди дека е од „генералниот директор на Светската здравствена организација“ Тедрос Гебрејесус, а исто така има и соопштение од Министерството за здравство за учество на нивни претставници на 75 -тата сесија на Регионалниот комитет на СЗО за Европа.

Видеото од маж со мустаќи кој носи шорцови и маица и танцува држејќи чаша не е од генералниот директор на СЗО, наспроти објавеното во објавата што ја рецензираме. Видеото дистрибуирано во објавата е снимено на 16 февруари 2020 година, во локален бар во Бразил. Во истиот период, Тедрос Аданом Гебрејесус бил во Европа, присуствувајќи на конференции во Минхен и Женева, објавуваат проверувачите на факти на „Мит Детектор“. 

Истото го тврдат и проверувачите на факти на „Екстра Глобо“ коишто тврдат дека го добиле оригиналното видео, со подобар квалитет, што им овозможило да го прочитаат бројот на мобилниот телефон што се појавува на маицата на втората келнерка што се појавува во видеото. Телефонскиот број му припаѓа на сопственик на бар на брегот на Сао Паоло. 

На 16 февруари 2020 година, генералниот директор на СЗО не можел физички да биде во Бразил, бидејќи во тоа време присуствуваше на безбедносна конференција во Минхен. Конференцијата траеше од 14 до 16 февруари, а Тедрос Гебрејесус одржа говор на 15 февруари. Видео од говорот може да се најде и на официјалната веб-страница на Минхенската безбедносна конференција.

Видеото не е од Тедрос Аданом Гебрејесус. Снимено е во 2020 година во бар во Бразил, додека Гебрејесус бил на безбедносна конференција во Минхен. 

„Вистиномер“ и претходно има рецензирано бројни теории на заговори и дезинформации поврзани со Гебресесус.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција