ВМРО-ДПМНЕ: Надградба на ГТЦ
Со цел осовременување на постојните содржини во централното градско подрачје, предвидена е изградба на уште еден кат на Градскиот трговски центар, со новопроектирани современи содржини како: деловен простор, хотел, градинка, игротека, современ фитнес-простор, простор за репрезентативни угостителски објекти, и слично, а на западниот дел планирана е четирикатна административно-деловна зграда. Исто така овој проект ќе овозможи соодветно фасадно затворање на целиот објект и елиминирање на атмосферските влијанија во истиот. Овој проект е предвидено да се реализира преку соодветен модел на јавно-приватно партнерство или како инвестициски проект на АД Градски трговски центар. [Рок: 2015]
Образложение:
Како резултата на идејата за надградба на ГТЦ, во текот на месец јуни 2013 година, организирани беа неколку протести како и петиција против овој проект. И покрај тоа, моментално во фаза на изработка е основен проект за надградба на ГТЦ и се очекува истиот да биде завршен во мај 2014 година, по што ќе се определи најдобар модел за реализација на овој проект.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- ФОТО: Започна петицијата за неменување на ликот на ГТЦ [Пристапено: 07.04.2014]
- Раководството на ГТЦ тивко ја подготвува неговата реконструкција [Пристапено: 07.04.2014]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар