Наградната игра со „кујнски апарати со гребнатинки“ е лажна

На социјалните мрежи често се споделуваат лажни наградни игри. Со ветување за атрактивни награди, измамниците ги мотивираат корисниците да лајкнуваат, да споделуваат или да оставаат лични податоци, со што е поголем досегот на објавите.

На социјалните мрежи често се споделуваат лажни наградни игри. Тие се едноставен и брз начин за привлекување особено внимание. Со ветување за атрактивни награди, измамниците ги мотивираат корисниците да лајкнуваат, да споделуваат или да оставаат лични податоци, со што е поголем досегот на објавите. На овој начин се создава лажна популарност и доверба, а страниците или профилите добиваат повеќе следбеници за многу кратко време

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Со задоволство објавуваме дека 500 непродадени кујнски апарати поради гребнатини и мали оштетувања ќе бидат случајно распределени на оние кои ќе напишат „ВИ БЛАГОДАРИМЕ“ на нашата страница пред 24 јануари 2026 година!
Сите се во совршена работна состојба.
Секој што учествува во оваа програма има шанса да победи. Среќно
Се работи за невистина. Тавчињата и кујнските апарати не се за доделување на среќни добитници, туку за да послужат како мамка корисниците на социјалните мрежи да остават коментар под фотографиите за подоцна да бидат контактирани во приватна порака со инструкции кои може да вклучуваат финансиска измама.
Самата Фејсбук страница од која потекнува објавата што ја рецензираме, веќе има споделувано и во минатото измамнички објави, каде биле ветувани дури и многу скапи „награди“ – вклучително и прескап автомобил.
Фејсбук страницата не е официјална, има релативно мал број на следбеници во моментот на пишувањето на оваа рецензија кога има 844 следбеници. На неа не се кажува чија е, кому му припаѓа, ниту пак, се наведени генералии или податоци од некое правно лице. Исто така, прикажаните фотографии се злоупотребени од други извори, дел од кои се објавени на следниот линк.
Во склоп на коментарите во конкретната објава, во која се ветуваат награди односно „500 кујнски апарати со гребнатинки“, воопшто не е наведено кој е наводниот организатор на тоа што се претставува како наградна игра. Секогаш кога има вистинска наградна игра, таа има организатор, постојат правила и услови за учество во наградната игра, а честопати се објавуваат и фотографии или имиња на добитниците поради транспарентност.
Во објавата што ја рецензираме нема такви транспарентни детали, затоа што нема ни награди ни добитници.

На социјалните мрежи често се споделуваат лажни наградни игри. Тие се едноставен и брз начин за привлекување особено внимание. Со ветување за атрактивни награди, измамниците ги мотивираат корисниците да лајкнуваат, да споделуваат или да оставаат лични податоци, со што е поголем досегот на објавите. На овој начин се создава лажна популарност и доверба, а страниците или профилите добиваат повеќе следбеници за многу кратко време.

Дополнително, лажни наградни игри се користат за прибирање на лични податоци или за финансиска злоупотреба. Корисниците може да паднат жртви на злоупотреба на личните податоци, каде им се бараат податоци како е-пошта, лозинки или дури и информации за платежни картички.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција