Најбитно е да го смениме логото на Собранието!
Зошто токму сега да се менува децениското собраниско лого? Нема ли во државата побитни прашања или ова за спикерот Гаши е приоритет над приоритетите. Наместо да се фокусираме на деблокада на евроинтеграциите, корупцијата, реформите во судството, криминалот, колабираното здравство, економските проблеми, сиромаштијата…, сета енергијата ќе ја трошиме на ова „ургентно, горливо“ прашање. Без ново собраниско лого, ништо не правиме! Од круцијално значење е Собранието да има ново „модерно и уникатно“ лого. Исто како што се многу важни идеите за нов грб, нова химна и други разноразни романтичарски теми со кои се занимаваме веќе 35 години, па така уникатни си останавме на слепиот колосек на Балканот
Зошто токму сега да се менува децениското собраниско лого? Нема ли во државата побитни прашања или ова за спикерот Гаши е приоритет над приоритетите. Наместо да се фокусираме на деблокада на евроинтеграциите, корупцијата, реформите во судството, криминалот, колабираното здравство, економските проблеми, сиромаштијата…, сета енергијата ќе ја трошиме на ова „ургентно, горливо“ прашање. Без ново собраниско лого, ништо не правиме! Од круцијално значење е Собранието да има ново „модерно и уникатно“ лого. Исто како што се многу важни идеите за нов грб, нова химна и други разноразни романтичарски теми со кои се занимаваме веќе 35 години, па така уникатни си останавме на слепиот колосек на Балканот
Во очи на велигденските празници претседателот на Собранието, Африм Гаши на Велики четврток (17 април) распишал Јавен конкурс за изработка на „уникатно и модерно“ тријазично лого на парламентот. Веќе првиот работен ден по Велигден огласот за новиот заштитен знaк што треба да има текст на македонски, албански и англиски јазик, беше објавен на веб-страницата и на профилите на социјалните медиуми на Собранието.
Што треба да содржи новото собраниско лого?
Целта е, како што се вели во огласот, „Собранието да го модернизира и изедначи својот институционален визуелен идентитет“ преку изработка на заштитен знак, кој „треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата“.
Според наведеното во огласот (член 2 став 3):
Логото треба да содржи графички елемент и целосен текст на називот на Собранието на македонски јазик и неговото кирилско писмо, на албански јазик и неговото писмо и на англиски јазик и неговото писмо.
Дизајнот на логото треба да биде уникатен и неупотребуван досега. Логото треба да биде придружено со детално објаснување на симболиката, вклучувајќи го значењето на секој елемент, боја и форма. Секој учесник на конкурсот има право да поднесе најмногу до три идејни решенија за лого на Собранието. Предлозите што ќе пристигнат во Собранието ќе ги разгледува посебна комисија формирана од претседателот на Собранието. Рокот за доставување на предлозите е 45 дена од денот на објавување на Јавниот конкурс.
Приоритет над приоритетите
Но, зошто токму сега да се менува собраниското лого? Нема ли во државата побитни прашања за решавање од менувањето на заштитниот знак на Собранието, или тоа за Гаши е приоритет на приоритетите. Наместо да се фокусираме на деблокада на евроинтеграциските процеси, корупцијата, реформите во судството, криминалот, економските проблеми, сиромаштијата…, сета енергијата ќе ја трошиме на ова „ургентно, горливо“ прашање.
Во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) С. Македонија е меѓу земјите во регионот со прогноза за понизок раст на економијата. ММФ прогнозира и оваа и следната 2026 година Македонија да ги заврши со раст на БДП од 3,2 проценти. Прогнозите се и дека 2025 г. државата ќе ја заврши со стапка на инфлација од 3,4 отсто.
И, додека се „крчка“ „модерното и уникатно“ собраниско лого, вработените во повеќе државни институции сè уште ја чекаат мартовската плата. Освен културните работници, без основни средства за живот се оставени и вработените во Министерството за економија, трудовата инспекција, пазарните инспектори, дел од обвинителството и водостопанството. А поради ниските и неисплатени плати на 1 Мај нема да има марш туку протест. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов ги повика сите синдикални здруженија во ССМ, другите синдикати, борците и активистите за работнички права и граѓаните да се приклучат на протестот за повисоки плати и подостоинствен живот на работниците.
Неизбежно е да се спомене и колабираниот здравствен систем чии слабости многу јасно се видоа по стравотинот пожар во импровизираната дискотека во Кочани. А во тие моменти на траор и колективна тага по младите изгубени животи, да не беше хуманиот гест на државите од соседството и пошироко во Европа, кои во нивните болници прифатија огромен број пациенти со сериозни повреди, којзнае какви размери ќе добиеше кочанската трагедија.
Семејствата на настраданите веќе втор месец бараат правда и одговорност за вистинските виновници. Деновиве (19.04.2025) имаше трет протестен марш, под мотото „Задоцнета реакција“. Со транспаренти со натписи „Стоп за селективната правда“, „Корумпираниот систем ни ги уби децата“ и „Уште колку животи мора да се изгубат за да станете свесни“, ден пред Велигден во Кочани маршираа семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ чиј број се искачи на 62. Револтирани од начинот на кој се води истрагата, семејствата реагираат зошто се спроведува селективна правда и зошто дел од осомничените се пуштени од притвор, истовремено најавија дека секоја сабота ќе излегуваат на улиците за да бараат правда.
Во меѓувреме Собранието одби да расправа за трагедијата во Кочани. Во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците не помина Иницијативата на „Европски фронт“ за одржување надзорна расправа за истрагата за пожарот во Кочани. Владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди не ја прифати Иницијативата, „ЗА“ гласаа само четворицата членови на Комисијата од Европски фронт и СДСМ. Пратениците-членови на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ уверуваа дека тоа што не гласале „ЗА“ предлогот не значи дека се против одржување на надзорна расправа, туку сметаат дека треба да бидат опфатени и сите други претходни трагедии како Модуларната болница во Тетово, „Беса транс“… Според власта, не би било добро Собранието да одржи надзорна расправа, додека има активна истрага за случајот во Кочани, бидејќи тоа би било вршење притисок и мешање во овој процес.
И, сите овие проблеми изгледа се невидливи за спикерот Гаши или барем не толку битни како промената на собраниското лого. Сега е моментот да се менува деценискиот изглед на логото на парламентот, тоа е прашање од ургентна, суштинска природа. Без ново лого, ништо не правиме!
Од круцијално значење е Собранието да има ново модерно, уникатно лого. Исто како што се многу важни идеите за нов грб, нова химна и разноразни други романтичарски теми со кои се занимаваме веќе 35 години, па така уникатни си останавме на слепиот колосек на Балканот.
*******
Најдобра илустрација за тоа каква е идејата за менување на собраниското лого се бројните реакции на социјалните мрежи, што ги забележа порталот еМагазин, а тука пренесуваме дел од нив:
“Собранието распиша конкурс за ново модерно тријазично лого”
Село гори, баба (ова де, државата) се чешла! 🤦🤦🤦 pic.twitter.com/pf51Xo29XS
— 🤵🇲🇰😜 (@WaiterMKD) April 22, 2025
Ова лого исполнува критериуми за конкурсот за собранието 🤔
Да аплицирам ли 🤔 pic.twitter.com/w0tpFURPEA— X (@XPokio) April 22, 2025
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар