Наместо пет, десет базени – ама на хартија

Само најави за изградба на базени во училиштата во Карпош Фото: Скриншот

Изградба на пет училишни базени во основните училишта во општината Карпош. Рок 2014-2017

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Овој проект е најавен во изборната програма на градоначалникот на Општината Карпош Стевчо Јакимовски, за локалните избори во 2013 година. Според  ветеното во предизборната програма, изградбата на овие базени требаше да започне  во 2014 година, а целосно да бидат завршени до 2017 година. Досега (05.04.2016) не е почната изградбата на ниту еден од овие базени, а се најавува изградба на уште пет други базени во основни училишта на територијата на Општина Карпош. Така што, ова изборно ветување го сметаме за недоследно.

Овој  проект Јакимовски го вети и на 31.03.2013 пред локалните избори.

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од Српската напредна странка, Стевчо Јакимовски, вчера најави изградба на пет базени по европски стандарди во основните училишта во општината…

Одлуката за изградба на базени во 10 основни училишта, Советот на Општина Карпош ја донесе на 11.03.2016 година.

Општина Карпош ќе гради затворени базени во сите 10 основни училишта, одлучи мнозинството на Советот на Карпош. Ќе се градат со општински пари и првенствено ќе бидат наменети за учениците. Со базените ќе стопанисуваат училиштата, односно општината која е нивен основач.

Според планираното, првите два базена ќе почнат да се градат годинава, други два в година, па понатаму и преостанатите шест. Тоа е далеку од предвидениот рок во предизборната програма на градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Информација за седницата на општинскиот Совет на која се разгледувала Предлог-одлуката за изградба на базените беше објавена и на официјалната веб страна на Општината.

Имајќи го предвид погоре изнесеното, како и тоа дека досега на терен не е преземено ништо конкретно за реализација на овој проект, може да се заклучи дека ова ветување не е исполнето. Но, бидејќи  проектираниот рок за неговата реализација е 2017 година, а дополнително, има и проширување на првичниот проект за уште пет базени, односно, сега се најавуваат вкупно десет базени чија изградба би се одвивала во наредните неколку години, ова ветување го оценуваме како недоследно. 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција