Наместо потенцијална дивоградба, Општина Центар издејствува простор по мерка на граѓаните
Општина Центар и нејзиниот градоначалник Горан Герасимовски го исполнија ветувањето дека ќе ја спречат изградбата на нова дивоградба на улица „Киро Крстевски – Платник“ и ќе ја вратат досега спорната парцела во сопственост на општината. Дополнително, консултирајќи се со граѓаните, најавуваат похумано и уредено опкружување во функција на жителите.
Општина Центар и нејзиниот градоначалник Горан Герасимовски го исполнија ветувањето дека ќе ја спречат изградбата на нова дивоградба на улица „Киро Крстевски – Платник“ и ќе ја вратат досега спорната парцела во сопственост на општината. Дополнително, консултирајќи се со граѓаните, најавуваат похумано и уредено опкружување во функција на жителите
Општина Центар изминативе месеци презема конкретни чекори за конечно решавање на спорниот простор зад зградата „Киро Крстевски“ – Платник бр. 11. Пред зградата „Киро Крстевски“ – Платник бр. 11, жителите со години се спротивставуваа на обидите за узурпација на просторот зад нивната зграда, кој првично бил предвиден за паркинг, но подоцна незаконски добил маркица за градба.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на средба со граѓаните изјави дека тие во минатото се соочувале со насилни приведувања, притисоци и судири со инспекторите и полицијата, бранејќи го имотот од градежна механизација.
Ветување: Пред зградата „Киро Крстевски“ – Платник бр. 11, жителите со години се спротивставуваа на обидите за узурпација на просторот зад нивната зграда, кој првично бил предвиден за паркинг, но подоцна незаконски добил маркица за градба. Во минатото, тие се соочија со насилни приведувања, притисоци и судири со инспекторите и полицијата, бранејќи го својот имот од градежна механизација… Нема да дозволиме никаква градба на оваа локација! Наместо тоа, во координација со вас граѓаните, ќе обезбедиме похумано и уредено опкружување што ќе одговара на вашите потреби, изјави Герасимовски на средбата која ја имаше со граѓаните кои живеат на таа локација.
[Извор: Општина Центар Герасимовски: Го решаваме проблемот со спорната парцела на улица ,,Киро Крстевски-Платник”, ќе се урива нелегалниот објект – Датум: 14.02.2025]
Образложение:
Општина Центар и нејзиниот градоначалник Горан Герасимовски го исполнија ветувањето дека ќе ја спречат изградбата на нова дивоградба на улица „Киро Крстевски – Платник“ и ќе им ја вратат досега спорната парцела во сопственост на општината. Дополнително, консултирајќи се со граѓаните, најавуваат похумано и уредено опкружување во функција на жителите.
Општина Центар на 13.05.2025 година соопшти дека ја расчисти спорната парцела зад зградата на улицата „Киро Крстевски – Платник“, каде што претходно беше лоцирана диво изградена конструкција.
Парцелата која има површина од приближно 500 м² и 20 години беше предмет на спор, премина во сопственост на Општина Центар.
Градоначалникот на Општина Центар соопшти дека благодарение на соработката со Комерцијална банка АД Скопје, која претходно ја имаше оваа парцела под хипотека, земјиштето беше донирано на локалната самоуправа, за што градоначалникот ѝ упати благодарност на банката.
Одлуката за прифаќање на донацијата беше едногласно изгласана од Советот на Општината. Со тоа се овозможи уривање на нелегално изградената градба, а Општината ги презеде сите активности за расчистување на теренот, се вели во соопштението на Општина Центар.
Општината посочи и дека трошокот за рушење на нелегално изградената градба е покриен со поддршка на банката.
Имавме неколку средби со жителите од околните згради и ќе излеземе во пресрет на нивните барања. Просторот ќе добие намена која ќе биде во функција на граѓаните и по нивна мерка, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Следна активност на Општина Центар во соработка со локалните жители е изнаоѓање на најдоброто решение за уредување на расчистениот простор:
Целта е создавање похумана и уредена околина, со баланс меѓу зеленило и функционален јавен простор, без нови градби и во согласност со потребите на граѓаните.
Општина Центар и нејзиниот градоначалник Горан Герасимовски успеаја да спречат изградба на нова дивоградба во и онака пренатрупаниот урбан простор и да го вратат земјиштето во сопственост на општината. Дополнително, консултирајќи се со граѓаните, и да обезбедат похумано и уредено опкружување што ќе одговара на потребите на жителите.
Извори:
- (14.02.2025 ) Општина Центар Герасимовски: Го решаваме проблемот со спорната парцела на улица ,,Киро Крстевски-Платник”, ќе се урива нелегалниот објект – [Проверено на 14.05.2025]
- (13.05.2025) Општина Центар Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните – [Проверено на 14.05.2025]
Оценил: Стојан Синадинов
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар