Направена е реконструкција на булеварот „8 Септември“ на делницата кај „Александар Палас“
Реконструкција на булеварот „8.Септември“ (од булеварот „Илинден“ до улицата „Скупи“)
[Извор: Официјална веб-страница на Град Скопје; Датум: април 2020г.]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пред неколку месеци на прес-конференција, најавувајќи градежна офанзива на градските сообраќајници, меѓу другото, вети и реконструкција на булеварот „8.Септември“, од потегот на булеварот „Илинден“ до улицата „Скупи“. Ова негово ветување е исполнето, реконструцијата на споменатата сообраќајница е завршена минатиот месец.
Градежните активности на булеварот стартуваа во средината на септември и ја опфатија делницата кај хотелот„Александар Палас“ во должина од 980 метри.

Од Град Скопје информираа дека во изминатиот период на оваа делница комплетно се обновени коловозот и тротоарите , заменети се оштетените рабници, а исто така, направена е нивелација на постојните шахти и сливници, во двете насоки.
Овој булевар е еден од најискористените во општина Карпош бидејќи преку мостот на Вардар ги поврзува населбите Карпош 2 и 3 со Злокуќани, Бардовци, Визбегово и околните населби. Пред 2 години на овој булевар изградивме велосипедска патека од улицата Варшавска до надвозникот кај „Александар палас“. Годинава ја продолживме оваа велосипедска патека од надвозникот до улицата Скупи и на тој начин го довршивме т.н. Конектор 5 кој ги поврзува трите главни велосипедски рути, на булеварите Илинден, Партизански одреди и Митрополит Теодосиј Гологанов, и патеката по кејот на Вардар во вкупна должина од 2 километра. Булеварот ќе добие и нов дрворед – изјави неодамна на прес-конфернција градоначалникот Шилегов.

Информација и фотографии за завршувањето на реконструкцијата на оваа сообраќајница се објавени на официјалната веб-страница на Град Скопје и во повеќе во медиуми.
ИЗВОРИ:
- Официјална веб-страница на Град Скопје (29.04.2020): Шилегов ја најави градежната офанзива за ова лето [Проверено на: 03.12.2020]
- Макфакс (30.04.2020): (Видео) Шилегов најави градежна офанзива ова лето [Проверено на:03.12.2020]
- Грид.мк (30.04.2020): Град Скопје со нова офанзива за изградба и реконструкција на градските улици [Проверено на: 03.12.2020]
- Нова Македонија (17.09.2020): Се реконструира булеварот Осми Септември [Проверено на: 03.12.2020]
- Тајм.мк (15.09.2020): Почна реконструкција на булеварот 8 Септември [Проверено на: 03.12.2020]
- Тајм.мк (14.11.2020): Реконструиран булеварот 8.септември во Карпош [Проверено на: 03.12.2020]
- Макфакс (14.11.2020): (Видео) Со реконструкцијата на булеварот „8 Септември“ завршува сезоната на реконструкции [Проверено на: 03.12.2020]
- Официјална веб-страница на Град Скопје (14.11.2020): Реконструиран булеварот 8.Септември во Карпош, завршува сезоната на реконструкциите [Проверено на: 03.12.2020]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар