Направена е реконструкција на улицата „11 Октомври“ кај старата Градска болница
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во април минатата година (2020), на прес-конференција, најавувајќи градежна офанзива на градските сообраќајници, меѓу другото, вети и реконструкција на улицата „11 Октомври“ од раскрсницата со булевар „Кочо Рацин“ до раскрсницата со улицата „Филип Втори Македонски“. Ова негово ветување е исполнето, реконструцијата на споменатата сообраќајница на делницата кај старата Грдаска болница и Зеленото пазарче, е завршена во ноември минатата година (2020г), а покрај коловозот реконструирани се и тротоарите и велосипедските патеки
Реконструкција на улицата „11 Октомври“ од раскрсницата со булевар „Кочо Рацин“ до раскрсницата со улица „Филип Втори Македонски“
[Извор: Официјална веб-страница на Град Скопје; Датум: април 2020г.]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во април минатата година (2020), на прес-конференција, најавувајќи градежна офанзива на градските сообраќајници, меѓу другото, вети и реконструкција на улицата „11 Октомври“, од раскрсницата со булевар „Кочо Рацин“ до раскрсницата со улицата „Филип Втори Македонски“ . Ова негово ветување е исполнето, реконструцијата на споменатата сообраќајница е завршена во ноември минатата година (2020г).
Градежните активности стартуваа на крајот на септември и ја опфатија делницата кај старата Грдаска болница и Зеленото пазарче.

Реконструкцијата на овој потег е целосно завршена на почетокот на ноември (2020), а покрај коловозот реконструирани се и тротоарите и велосипедските патеки. Од Град Скопје тогаш информираа дека:
Велосипедската патека и тротоарот се доволно широки и физички одвоени со жардиниера со средишно зеленило за кои е поставен систем за наводнување капка по капка. Велосипедската и пешачката патека од коловозот се одвоени со заштитни столпчиња што дополнително ја зголемува безбедноста на пешаците и велосипедистите. За пешачките патеки исфрлени се од употреба плочките што брзо се оштетуваат и користен е печатен бетон кој е поотпорен како материјал и како таков поволен за пешачење.

Информација и фотографии за завршување на реконструкцијата на оваа сообраќајница се објавени на официјалната веб-страница на Град Скопје и во повеќе во медиуми.
ИЗВОРИ:
- Официјална веб-страница на Град Скопје (29.04.2020): Шилегов ја најави градежната офанзива за ова лето [Проверено на:28.05.2021]
- Макфакс (30.04.2020): (Видео) Шилегов најави градежна офанзива ова лето [Проверено на:28.05.2021]
- Грид.мк (30.04.2020): Град Скопје со нова офанзива за изградба и реконструкција на градските улици ] [Проверено на:28.05.2021]
- Официјална веб-страница на град Скопје (30.09.2020): Од денеска се реконструира и улицата 11 Октомври кај старата Градска болница [Проверено на: 28.05.2021]
- Грид.мк (30.09.2020): Од денеска се реконструира и улицата 11 Октомври
- Официјална веб-страница на Град Скопје (17.11.2020): Шилегов: воведуваме нови стандарди за градските тротоари [Проверено на: 28.05.2021]
- Грид.мк (17.11.2020): Воведуваме нови стандарди за градските тротоари [Проверено на: 28.05.2021]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар