Направена е реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“ во Капиштец

Реконструкција на улицата Васил Ѓоргов (од улицата Франклин Рузвелт до булеварот Мајка Тереза)

 [Извор: Официјална веб-страница на Град СкопјеДатум: април 2020г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на  градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“ во Капиштец , е  исполнето. Ова ветување Шилегов го даде пред неколку месеци на прес-конференција, најавувајќи градежна офанзива на градските сообраќајници.

Реконструкцијата на оваа сообраќајница  во Скопје започна  на пчетокот на октомври и го опфати потегот од на потегот од улицата „Франклин Рузвелт“ до булеварот „Мајка Тереза“ .

Градежните работи на споменатата делница завршија минатиот месец. Од Град Скопје соопштија  дека на улицата „Васил Ѓоргов“ е извршена целосна реконструкција на коловозот во должина од околу 1.000 метри, реконструкција на оштетените делови од  тротоарите, заменети се и оштетените рабници, а исто така направени се и корекции на крстосницата со  улицата „Франклинг Рузвелт“. Оттаму информираа дека вредноста на проектот е околу 20 милиони денари со вклучен ДДВ и дека реконструкцијата е завршена во предвидениот рок од 45 дена.

 

Информација и фотографии за завршувањето на реконструкцијата на оваа сообраќајница се објавени на  официјалната  веб-страница на Град Скопје  и во повеќе во медиуми.

 

 

ИЗВОРИ:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција