Направена е реконструкција на источниот влез во Скопје

Источниот влез на Скопје Фото: skopje.gov.mk

Ветувањето на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за проширување на булеварот „Александар Макеонски“, дадено во предизборието за локалните избори во 2017 година,  е исполнето. Проширувањето  на овој булевар во Општина  Гази Баба беше направено  лани во октомври, кога беше целосно реконструирана делницата долга 5,3 километри на источниот влез во Скопје.

Ветување: Проширување на „Александар Македонски“

[Извор:  Изборна програма на Петре Шилегов– „Живот во Скопје за сите!“ стр.19 – датум, октомври 2017 г. ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за проширување на булеварот „Александар Макеонски“, дадено во предизборието за локалните избори во 2017 година,  е исполнето.  Ова ветување на Шилегов е дел од неговата изборна програма„Живот во Скопје за сите!“ (стр.19),  во поглавјето „Инфраструктура“ меѓу предлозите за нови сообраќајни решенија.

Реконструкција на оваа сообраќајница, од раскрсницата во Автокоманда до излезот на градот, скопскиот градоначалник навести на прес-конференција во април минатата година (2020),  најавувајќи  обнова на градските сообраќајници.

Проширувањето на булеварот „Александар Македонски“ започна  во септември кога  стартуваа градежни активности на потегот од крстосницата со улицата „16-та Македонска бригада“ до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот.

Фото: skopje.gov.mk

Градежните работи  на споменатиот булевар во Општина  Гази Баба финишираа  лани во октомври, кога беше целосно реконструирана делницата долга 5,3 километри на источниот влез во Скопје.

Фото: skopje.gov.mk

Информација и фотографии за завршување на реконструкцијата на оваа сообраќајница се објавени во повеќе медиуми , а може да се видат и на  официјалната  веб-страница на Град Скопје.

 

ИЗВОРИ:

 

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција