НАТО не е сојуз против православието
Многу е важно да се забележи дека неколку НАТО земји членки – Грција, Бугарија и Црна Гора – имаат доминантно православно-христијанска популација. Северна Македонија е членка на НАТО и има главно православно-христијанска популација.
Објавата дезинформира дека Северноатлантската алијанса се бори против православието. Многу е важно да се забележи дека неколку НАТО земји членки – Грција, Бугарија и Црна Гора – имаат доминантно православно-христијанска популација. Северна Македонија е членка на НАТО и има главно православно-христијанска популација
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија со знамето на НАТО, но под него, наспроти оригиналната верзија на акронимот NATO (North Atlantic Treaty Organization), пишува „Nations Against The Orthodox“, што асоцира на оригиналниот акроним NATO:
Нации против православието.
Во склоп на објавата пишува:
Како велат, една слика илјада зборови.
Ваквата невистинита теза, дека „НАТО се бори против православието“ или дека „НАТО се состои од нации против православието“ и претходно е споделувана од страна на медиуми директно контролирани од Кремљ, без аргументи и докази. Дезинформацијата е дел од еден поширок наратив кој цели да ја помеша верата со припадноста кон Истокот или Западот, односно да го претстави НАТО како непријател на православието.
Меѓутоа, тезата е невистинита. Прво, многу е важно да се забележи дека неколку НАТО земји членки – Грција, Бугарија и Црна Гора имаат доминантно православно-христијанска популација. Северна Македонија е членка на НАТО и има главно православно-христијанска популација.
Грција е е членка на НАТО од 1952 година во која живеат повеќе од 10 милиони православни христијани. Романија, една од најпосветените членки на НАТО, има милиони граѓани кои се православни христијани.
Украина донесе стратешка одлука да се приклучи кон Алијансата после револуцијата Евромајдан во 2014 година. Со 35 милиони православни христијани во Украина, таа е третата најголема држава по бројот на православни христијани кои се нејзини граѓани, пишува „Гласот на Америка“.
На 1 март 2007 година, тогашниот генерален секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер на конференција изјави:
Дозволете ми, да кажам уште неколку зборови за врската меѓу вредностите и интересите. Трансатлантската заедница е заедница базирана на јудео-христијанската хуманистичка традиција. И сигурен сум дека не сум прв што забележува дека активностите на НАТО деновиве е да се ангажира во региони со главно муслиманска вера. Во Босна, а потоа и во Косово, НАТО користеше сила за да го заштити невиното цивилно население од кое повеќето беа муслимани. Најголемата воена операција на НАТО е во Авганистан. Некои набљудувачи, христијани и муслимани имаат прашања за мотивацијата на НАТО. Дали НАТО има агенда да се обиде да наметне различни западни вредности на не-западни општества. Дали се обидуваме да го оформиме светот според нашата слика? Дами и господа, ништо не може да биде подалеку од вистината. Да, НАТО е асоцијација на западни држави. Да, со исклучок на Турција, НАТО е доминантно Алијанса на христијански држави. Секој декември, НАТО во Брисел е осветлен од големо божиќно дрво. Но вредностите за кои се залага НАТО не се уникатно христијански. Вредностите што ги промовираме и кои ги браниме низ нашиот ангажман се универзални вредности. Правото на жените да одат на училиште е универзално право. Правото да ја одберете сопствената религија и да не треба да се плашите дека ќе добиете смртна казна поради тоа – е универзален подарок. Правото да ја изберете вашата сопствена демократска влада во слободни и фер избори е универзално право. Ова се вредностите што ги браниме, од Балканот до Авганистан. Со нив нема преговарање, но тие не се ниту уникатно западни, ниту уникатно христијански. Да, верувам дека земјите од секаде во светот и од сите големи религии треба да се согласат со нив. Затоа што тие вредности се вистинската основа за преживувањето на човекот во 21 век.
Од овој говор е евидентно дека НАТО не само што не е против христијанството (од кое дел е и православното христијанство), туку и вредностите се универзални, а НАТО е составена од доминантно христијански држави.
Не е прв пат да се злоупотребува православието заради водење на црна пропагандна кампања против Западот и САД. Во минатото се случи Лавров да ги обвини Американците „кои активно манипулираат со цариградскиот патријарх“ дека „работат на уништување на православието“, заради тоа што Вселенската патријаршија ја призна Украинската православна црква.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар