НАТО не ја напаѓа Русија, туку ѝ помага на Украина да се одбрани од воената агресија
Не е првпат поддржувачи на Русија да ја шират пропагандата на Кремљ дека Русите војуваат со НАТО. НАТО не војува со Русија, туку Русија изврши воена инвазија врз Украина во којашто загинаа голем број на цивили и војници на украинска територија.
Не е првпат поддржувачи на Русија да ја шират пропагандата на Кремљ дека Русите војуваат со НАТО. НАТО не војува со Русија, туку Русија изврши воена инвазија врз Украина во којашто загинаа голем број на цивили и војници на украинска територија
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
НАТО Е ВМЕШАН ВО СИТЕ АКЦИИ И НАПАДИ НА РУСИЈА,ПРАШАЊЕ Е ЗОШТО СОПСТВЕНИЦИТЕ НА НАПАДНАТИТЕ РАФИНЕРИИ..И ДР ЦЕНТРИ НЕ СЕ БРАНАТ ..ПОВЕЌЕ ОД ОЧИГЛЕДНО Е ДЕКА НЕ СЕ БРАНАТ КАКО ШТО ТРЕБА .ЗА ТОА ПОСТОЈАТ ДВЕ ОПЦИИ ..СОПСТВЕНИЦИТЕ САКААТ МНОГУ ДА НАПЛАТАТ ЗАРАДИ ПРЕТРПЕНАТА ШТЕТА ИЛИ САКААТ НЕЗАДОВОЛСТВОТО НА НАРОДОТ ДА ГО ИСКОРИСТАТ ЗА СЕБЕ И СТРАНЦИТЕ ИЛИ И ЕДНОТО И ДРУГОТО ВО ПАКЕТ КАКО ОРУДИЕ ЗА ПРАВЕЊЕ ХАОС ВО РУСИЈА..П.С..НЕ МИ Е ЈАСНО МОЛЧЕЊЕТО НА ПУТИН ЗОШТО ТОЈ НЕ ГИ ПОСТРОИ …
Не е првпат поддржувачи на Русија да ја шират оваа пропаганда на Кремљ дека Русите војуваат со НАТО.
НАТО не војува со Русија, туку Русија изврши воена инвазија врз Украина во којашто загинаа голем број на цивили и војници на украинска територија.
Русија ја нападна Украина и Украина има право да се брани. НАТО ја осудува руската брутална и непровоцирана воена агресија кон Украина, која е независна и демократска држава и близок НАТО партнер. НАТО и сојузниците продолжуваат да ѝ даваат на Украина поддршка во нејзиното неспорно право на самоодбрана.
НАТО помага да се координираат украинските барања за помош и ги поддржува сојузниците во доставување на хуманитарна помош. Членот 5 како безбедносна гаранција овозможува колективна одбрана и овозможува Алијансата да испраќа оружје за Украина без да ја загрози својата безбедност. Понатаму, добро оформената структура за заеднички стандарди на Алијансата и интероперабилни системи ѝ дозволува на Алијансата да доставува опрема со сигурност дека доставите до Украина може да се дополнат со компатибилна опрема од други сојузници. Индивидуални НАТО членки праќаат оружје, муниција и многу видови на лесна и тешка воена опрема вклучително со противтенковски и системи за воздушна одбрана, дронови и тенкови, пишува на страницата на НАТО.
НАТО не испраќа директно оружје во Украина, туку тоа го прават земјите членки индивидуално и тоа е наведено на официјалната веб-страница на Алијансата.
Поединечни земји членки на НАТО испраќаат оружје, муниција и многу видови лесна и тешка воена опрема, вклучително и противтенковски и воздушни одбранбени системи, хаубици, беспилотни летала и тенкови. До денес, сојузниците на НАТО ѝ обезбедија на Украина воена опрема во вредност од милијарди евра. Сојузничките сили ги обучуваат и украинските војници да ја користат оваа опрема. Сето ова прави разлика на бојното поле секој ден, помагајќи ѝ на Украина да го одржи правото на самоодбрана, кое е вградено во Повелбата на Обединетите нации, се наведува на веб-страницата на НАТО во делот каде е објаснето што прават НАТО и сојузниците за да ѝ помогнат на Украина.
Дополнително, акциите на НАТО се дефанзивни одбранбени, дизајнирани не да предизвикаат конфликт, туку да го превенираат.
Алијансата има одговорност да обезбеди дека војната нема да ескалира надвор од Украина, што би било уште покатастрофално и опасно.
Дојче Веле во една своја анализа има забележано дека поддршката од Украина од страна на западните партнери преку финансиска помош и достава на оружје се користи од Путин за неговото омилено тврдење дека „Украина е контролирана однадвор“ и дека е „засилена од вооружени сили на НАТО земји и напумпана со најмодерно оружје“.
Вреди да се спомене дека и Русија трупа оружје и воена опрема од Иран, Белорусија, Северна Кореа и Кина.
Разликата е во тоа што Украина бара оружје за да се одбрани, а Русија се снабдува со оружје за да напаѓа.
Како што објави Си-ен-ен во февруари 2024 година, повикувајќи се на информации од јужнокорејскиот министер за одбрана, севернокорејските фабрики за муниција „работат со полн капацитет“ за да произведат оружје и гранати за Русија.
Оружјето и воената опрема, кои вклучуваат милиони гранати артилериски гранати, и се доставуваат на Русија во замена за пратки со храна и други потреби, изјавил јужнокорејскиот министер за одбрана Шин Вон-сик, пренесе Си-ен-ен.
Од август 2023, Пјонгјанг испорачал околу 6.700 контејнери во Русија, според министерството за одбрана на Јужна Кореја. Ројтерс во 2024 година објави дека Иран ѝ испраќа на Русија стотици балистички ракети.
Иранската пратка од околу 400 проектили вклучувала многу од семејството на балистичко оружје со краток дострел Фатех-110, како што е Зулфиќар, изјавија три ирански извори на Ројтерс. Оваа мобилна ракета е способна да погоди цели на растојание од 300 до 700 километри (од 186 до 435 милји), изјавуваат експертите.
Во Украина се користат и иранските дронови „камикази“ Шахед. Европската Унија му воведе санкции на Иран пред 3 години поради испораката на дронови во Русија.
Санкции од ЕУ за испорака на оружје во Русија заработи и Белорусија.
ЕУ силно ја осудува континуираната поддршка што режимот на Лукашенко ја дава на руската воена агресија против Украина и ја повикува Белорусија да се воздржи од такви акции и да се придржува до своите меѓународни обврски, објави ЕУ.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар