Научничката Гудал не изјавила дека ѝ пречат 90 проценти од светското население

Фото: Принтскрин видео

Во постот е изваден од контекст фрагмент од говорот на научничката Џејн Гудал на Светскиот економски форум во Давос во 2020 година. Гудал говори на панел дискусија за иднината на амазонските шуми.  Фокусот на нејзината дискусија е на заштитата на шумите и на локалното население, а растот на популацијата само накусо е споменат. Никаде во нејзиниот говор не се споменува ниту депопулација, ниту дека ѝ пречат 90 проценти од моменталното светско население, ниту пак, кажува „одлично би било ако популацијата е како пред 500 години“, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме

 

Во постот е изваден од контекст фрагмент од говорот на научничката Џејн Гудал на Светскиот економски форум во Давос во 2020 година. Гудал говори на панел дискусија за иднината на амазонските шуми. Фокусот на нејзината дискусија е на заштитата на шумите и на локалното население, а растот на популацијата само накусо е споменат. Никаде во нејзиниот говор не се споменува ниту депопулација, ниту дека ѝ пречат 90 проценти од моменталното светско население, ниту пак, кажува „одлично би било ако популацијата е како пред 500 години“, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Џејн Гудол, научничка божем, со британски орден под перница, и смета 90% од моменталново светско население. Одлично би било ако бројноста на луѓе денес ни била како пред 500 години според неа.
Арно ама, производството, потрошувачката, изумите, текнослогијата…развојот, удобноста што ја ужива безживотнава глупача би биле на многу пониско ниво од денешново исто така, а ние па и нашите пра внуци и било која идна генерација луѓе со бројност пута 100 од денес, би имале многу побогат живот и поскладен со природата доколку токму оваа и тие посакуваните 10% ги истребиме за навек, оти не ми изгледаат самоубиени.
Во рамките на постот споделен е краток видеоматеријал (16 секунди) во којшто научничката Џејн Гудал вели:
Не можеме да се скриеме од растот на популацијата. Ги повлекува толку многу од другите проблеми. Сите овие работи за кои зборувавме не би биле проблем ако популацијата е со големина како што била пред 500 години.
Како што пишуваат проверувачите на факти на Асошиејтед Прес, говорот на Џејн Гудал е изваден од контекст. Иако таа кажува дека многу од светските проблеми со животната средина би биле подобрени ако популацијата е со големина како таа од пред 500 години, таа не заговара депопулација, ниту пак, вели дека „ѝ пречат 90 проценти од моменталното светско население“, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме.
На видеото е прикажан говор на Гудал од 2020 година од Светскиот економски форум на конференцијата во Давос, Швајцарија каде таа зборува за иднината на амазонските шуми. Гудал говори на панел дискусија со наслов „Обезбедување на одржлива иднина за Амазон“ на Светскиот економски форум на конференција во јануари 2020 година. Растот на популацијата само накусо е споменат. Останатиот дел од дискусијата се фокусира на заштитата на шумите и заштита на локалното население. Никаде во нејзиниот говор не се споменува ниту депопулација, ниту дека ѝ пречат 90 проценти од моменталното светско население. Таа не кажува „одлично би било ако населението е со бројност како пред 500 години”, туку вели дека поради растот на популацијата се јавуваат и некои проблеми коишто би требало да се менаџираат.
Гудал е позната по своите знаења за шимпанзата и таа е заговорник за заштита на локалните живеалишта. Околу 27 минута во дискусијата, модераторот ја прашува за нејзиното партнерство со проектот за реставрација на шумите  Трилион Трис.
Гудал одговара со тоа што ги опишува факторите коишто водат кон уништување на шумите и дека проектот има цел да се справи со 4 клучни фактори. Тоа се сиромаштијата, корупцијата, преголемата употреба на земјиштето и растот на популацијата.

Но, во ниеден случај таа не повикува на депопулација, ниту пак, кажува дека ѝ пречи 90 проценти од светската популација, ниту пак, кажува „одлично би било ако популацијата е како пред 500 години“, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме. Таа само кажува дека проблемите со кои денеска се соочуваат дождовните шуми не би постоеле ако популацијата е како пред 500 години.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека  во овој пост се пропушта контекстот.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција