Не е формирана противпожарна единица во Општина Теарце

Фото: pexels.com

Ветувањето на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за формирање на противпожарна единица на ниво на Општина, дадено  во неговата изборна програма „За општината што ја сакаме” (стр. 3), со која тој го доби третиот мандат на локалните избори  во 2017 година, не е исполнето. Иако, ова е едно од повжните ветувања во предизборната програма на Асани, наведено во делот „Модерна инфраструктура и чиста средина“, сепак  нашата проверка покажа дека досега  (05.10.2021) во Општина Теарце не е формирана противпожарна единица.

 

Формирање на противпожарна единица на ниво на Општина

[Извор: Изборна програма на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за локалните избори 2017 , датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за формирање на противпожарна единица на ниво на Општина, дадено  во неговата изборна програма „За општината што ја сакаме” (стр. 3), со која тој го доби третиот мандат на локалните избори  во 2017 година, не е исполнето.

Иако, ова е едно од повжните ветувања во предизборната програма на Асани, наведено во делот „Модерна инфраструктура и чиста средина“, сепак  нашата проверка покажа дека досега  (05.10.2021) во Општина Теарце не  е формирана противпожарна единица.

„Вистиномер“ посети неколку села во оваа Општина и при разговор со граѓаните добивме информација дека тие немаат никакви сознанија за формирање на ваква единица во нивната општина.

Во село Пршовце, со помош од диаспората е набавено противпожарно возило, но нема обучен кадар, или пак, противпожарна единица. Според претставници на месната заедница со кои разговараме, ова противпожарно возило е донација и воопшто не е поврзано со противпожарната единица што ја вети Асани  за локалните избори пред четири години.

При детална проверка на веб-страницата на Општина Теарце, во делот „ Реализирани проекти”, каде се наброени сите спроведени проекти на Општината за секое село поединечно, нема  информација за противпожарна единица во Општина Теарце. Таква информација нема ниту на официјалниот Фејсбук профил на Асани, каде се објавуваат сите активности на градоначалникот.

Информација за формирање на противпожарна единица не може да се најде ниту со пребарување на Интернет, а такво нешто нема ниту на локални портали кои вообичаено објавуваат вести поврзани со Општина Теарце.

Па, имајќи го предвид сето ова, вклучително и теренската проверка, сметаме дека ветувањето на Асани за формирање на противпожарна единица во рамките на Општина Теарце, е  неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција