Не е имплементиран ВОИП-Систем во Македонска пошта

Фото: callforwarding.com

Со имплементацијата на ВОИП-систем ќе се намалат трошоците за телефонија за 30% годишно, додека со воспоставувањето на кол-центар ќе има линија на која ќе се примаат пријави за проблеми од страна на граѓаните за сите услуги што ги нуди Македонска пошта, со што многу брзо ќе се детектираат проблемите и ќе се подобрат услугите. На оваа линија граѓаните ќе можат да добијат информација за сите услуги што ги нуди Македонска пошта. Средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на АД Македонска пошта. Буџет: проценета вредност 17 милиони денари РОК: 2014 – 2015 ГОДИНА

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Со оваа мерка, што е предвидена во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ – Проверено 2014-2018 (Поштенски сообраќај, стр.78) , требаше да се намалат трошоците за телефонија за 30 проценти годишно и да се воспостави кол-центар линија која ќе има задача да прима пријави за проблеми од страна на граѓаните за сите услуги што ги нуди „Македонска пошта“. Но, тоа досега (26.02.2016) не се случи.

При проверката на оваа иформација (низ интернет и медиумите ) не може да се најде ниту еден запис дека во „Македонски пошти“ има ваква услуга.

Проверка направивме и на веб страницата на оваа институција, но ниту тука не може да се најде информација за ВОИП Систем, или, пак, број за кол-центар.

„Вистиномер“ се јави и во „Македонски пошти“ на бројот за „Поплаки за достава“: тел:+389 02 3105-205, од каде не известија дека ова е едниствениот број за поплаки и дека кај нив не функционира кол-центар.

За тоа дали „Македонски пошти“ имаат ВОИП – Систем, прашавме и во Центарот за информатички технологии во институцијата, каде ни кажаа дека засега немаат ваков систем.

Од ова може да се заклучи дека  ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ „Имплеменатација на (VOIP) ВОИП – Систем и воспоставување кол центар во АД Македонска пошта“ е неисполнето.

ЛИНКОВИ:

 

Оценето од: Владо Ѓорчев

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција