Не е изграден кружен тек на улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“

Местото каде што требаше да има кружен тек Фото:www.google.mk/maps

Кружен тек на улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“ ( Рок: декември 2016 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот  на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски  за локалните избори во 2013 година, вети „изградба на .Кружен тек на улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“ “. Во неговата  изборната програма (2013-2017) „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Ѓорче Петров“ (Транспорт стр. 59),  е  наведено дека ваков кружен тек ќе биде направен до  декември 2016 година. Истиот кружен тек се споменува и меѓу приоритените проекти во изборната програма на Митровски (стр.11) Сепак, досега (25.04.2017) овој негов  изборен проект  не е реализиран.

Проверката на „Вистиномер“ покажа дека четири  месеци по  посочениот краен рок за реализација, сè уште не е почната изградбата на споменатиот кружен тек, а на местото каде што се пресекуваат улиците „Ѓорче Петров“ и  „Македонска војска“, има крстосница.

На официјалната веб – страница на Општина  Ѓорче Петров  не успеавме  да најдеме информации  во врска со проектот  „изградба на .Кружен тек на улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“ “. Овој проект не се споменува ниту во Отчетот на градоначалникот Митровски за минатата година (2016).

Имајќи предвид дека мандатот на Митровски завршува  наредниот месец  – мај 2017 година, а досега (25.04.2017) нема достапни информации дека се спроведени некакви  активности за реализација на проектот,  ова ветување го оценуваме како неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција