Не е изграден кружен тек помеѓу селата Теарце и Слатино

Местото каде што требаше да има кружен тек Фото: Вистиномер

Градоначалникот на Теарце, Исен Асани  во неговата програма „За Општината што ја сакаме” (стр. 3), вети изградба на кружен тек помеѓу селата Теарце и Слатино. Ова негово изборно ветување не е исполнето. Ветениот кружен тек не е изграден и на тоа место не се отпочнати никакви грдежни активности поврзани со реализација на ваков сообраќаен проект.

 

Ветување:Изградба на кружен тек на локалниот пат помеѓу селaта Теарце и Слатино

[Извор: Изборна програма на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за локалните избори 2017 , датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Теарце, Исен Асани  во неговата програма „За Општината што ја сакаме” (стр. 3), вети изградба на кружен тек на локалниот пат помеѓу селата Теарце и Слатино. Ова негово изборно ветување не е исполнето. 

Во предизборната програма на Исени, во делот „Модерна инфраструктура и чиста средина“, беше ветен кружен тек помеѓу  селата Теарце и Слатино. Проверката на „Вистиномер“ на ова место покажа дека таму нема кружен тек и дека воопшто нема никакви активности поврзани со изградба на таков сообраќаен објект. Имено, местото кое ги поврзува двата села, а има и излез на регионалниот пат Тетово-Јажинце и натаму останува без вистинско решение и без собраќајни знаци за возачите.

Како што потврдуваат и фотографиите на „Вистиномер“, улицата останува во тешки услови, а на овој дел нема ни соодветни тротоари за движење на пешаците од двета села.

Локалниот пат Теарце-Слатино Фото: Вистиномер

Ито така, при детална проверка на веб-страницата на Општина Теарце не може да се најде информација за  каква било иницијатива за изградба на кружен тек на локалниот пат помеѓу селата Теарце и Слатино.  Во делот „ Реализирани проекти”, каде се наброени сите спроведени проекти на Општината за секое село поединечно, нема никаква информација за изградба на кружен тек на улицата меѓу двете села.

Информација поврзана со изградбата на ваков сообраќаен објект не се наоѓа ниту со пребарувачот Гугл, ниту на локални портали кои вообичаено објавуваат вести за Општина Теарце.

Имајќи ја направената проверка, ветувањето на градоначалникот Асани за изградба на кружен тек помеѓу селата Теарце и Слатино, го оценуваме како неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција