Не е изграден монтажен паркинг спроти Југодрво

Местото каде што требаше да има монтажна гаража Фото:www.google.mk/maps

 

 

Изградба на нов монтажен паркинг спроти Југодрво, на булевар Кочо Рацин

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот: „ Изградба на нов монтажен паркинг спроти Југодрво, на булевар Кочо Рацин“, е неисполнето ветување на градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски . Проектот е дел од неговата предизборна програма со која излезе за локалните избори 2013-2017 година, насловена како: „Иднината сега! Време е! Андреј Жерновски за Центар“  (стр.8).

Во поглавјето „Ефикасна паркинг политика во служба на граѓаните на Центар“ од  споменатата изборна програма, (стр.8), меѓу другото, се вели:

Заради зголемените потреби ќе бидат изградени нови паркинзи со поголем капацитет …

При што,  е посочено дека нов монтажен паркин ќе има и на локацијата „спроти Југодрво, на булевар Кочо Рацин “.

Проверката на „Вистиномер“ покажа дека на крајот на мандатот на Жерновски не е почната изградбата на овој мнотажен паркинг.  На официјалната веб-страница  на Општина Центар не успеавме  да најдеме информации дека се спроведени некакви активности  во врска со реализацијата на проектот: „ Изградба на нов монтажен паркинг спроти Југодрво, на булевар Кочо РацинТаква информација не може да се добие ниту со темелно пребарување на интернет содржините.   Овој проект не се спомнува ниту во Отчетот за сработеното во изминатите четири години „Центар 2013-2017“, кој Жерновски им го подели на граѓаните на Центар, така што ова негово изборно ветување го оценуваме како „неисполнето“.

Овој проект не се споменува ниту во Отчетот на Жерновски за сработеното во изминатите четири години Фото: Веб-страница на Општина Центар
Овој проект не се споменува ниту во Отчетот на Жерновски 
Фото: Веб-страница на Општина Центар

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција