Не е изградена нова градинка во Влае 1

Изборна програма на Стевчо Јакимовски „Храбро“, Фото: Скриншот „Нова градинка Влае 1“

 

 Изградба на нова градинка во Влае 1

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во изборната програма на Стевчо Јакимовски, „Храбро!“, со која тој излезе на локалните избори во 2013,  е наведено дека во Влае ќе се изгради нова градинка. Досега (07.03.2016) овој проект не е реализиран.

На седница на Советот на општина Карпош   во декември 2013 година  опозициските советниците, меѓу другото, го прашаа градоначалникот Стевчо Јакимовски дали ќе се гради  нова градинка во Влае 1.  Градоначалникот на Карпош тогаш рече:

И покрај реконструкцијата на градинката „Пролет“ во Влае, со помош на јапонска и швајцарска донација, оваа населба во Карпош веќе во идната година (2014) може да добие уште една сосема нова градинка

Сепак, оттогаш – досега (04.03.2016)  нема информации дека е изградена или пак, дека почнала да се гради нова  градинка во Влае 1.

Вистиномер разговараше со жители во Општина Карпош од населбата Влае, за да дознае дали се гради некој нов објект за згрижување на деца.

Во оваа населба има две градинки -„Росица“ и „Пролет“, кои се изградена пред повеќе од 40 години, а жителите велат дека оттогаш не е изградена нова градинка

Нема нов објект за згрижување на деца, ниту е почната некаква градба. Не сме чуле дека ќе се гради нешто ново, вели една жителка на Влае.

Одговор за тоа дали во иднина се планира изгрдба на градинка во скопската населба Влае, побаравме од Општина Карпош. Иако, од Општината ни рекоа дека ќе добиеме одговор, но потоа никој не се јавуваше на нашите повици.

Од ова може да се заклучи дека  изборното  ветување  за изградба на нова градинка во Општина Карпош  е неисполнето. 

 

*Забелешка:

По објавувањето на текстот од Општината (наредниот ден – 08.03.2016), ни го испратија следниот одговор:

Во зависност од флуктуацијата на финасиски средства Општина Карпош остава простор градинката да биде изградена до крајот на мандатот на градиначалникот. [ Ажурирано на 08.03.2016]

ЛИНКОВИ:

 

Оценето од: Владе Ѓорчев

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција