Не е изградена ветената подземна гаража во Струга

Фото: Принтскрин видео struga.gov.mk

Едно од ветувањата на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, во неговата изборна програма за локалните избори во 2017 година, беше изградба на подземна гаража. Според планираното, најавениот паркинг требаше да биде на два ката, лоциран на просторот од плоштадот „Мајка Тереза“ под градското шеталиште сè до хотелот „Дрим“. Во Струга ваков подземен паркинг досега (29.09.2021) не е изграден, па ова изборно ветување на градоначалникот  Мерко го оценуваме како неисполнето

Ветување: Изградба на подземен паркинг на плоштадот Струга преку јавно – приватно партнерство.

[Извор:Изборна програма „За општината што ја сакам“ кандидат за градоначалник на општина Струга, Рамиз Мерко стр. 15 – Датум: октомври, 2017 година]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Едно од ветувањата на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, во неговата изборна програма за локалните избори во 2017 година, беше изградба на подземна гаража. Според планираното, најавениот паркинг требаше да биде на два ката, лоциран на просторот од плоштадот „Мајка Тереза“ под градското шеталиште сè до хотелот „Дрим“. Во Струга ваков подземен паркинг досега (29.09.2021) не е изграден, па ова изборно ветување на градоначалникот  Мерко го оценуваме како неисполнето.

Мерко во април годинава кажа дека е во тек изработка на физибилити студија за овој проект.

Во тек е изработка на физибилити студија за изградба на подземен паркинг на два ката, овој вреден проект ќе обезбеди дополнителни 500 паркинг места во градот на Мостовите, рече Мерко за Охриднет.ком (10 Април 2021).

Градоначалникот на Струга, исто така, кажа дека се водат и преговори со неколку заинтересирани партнери за отпочнување на изградбата на овој капитален проект.

Во тек се разговори со заинтересирани инвеститори, а се работи и на терен, каде што со помош на специјализирана дупчалка треба да се испита тлото. Се прават бушотини до длабочина од 13 метри, иако паркингот нема да оди подолу од шест метри. Ќе видиме какви ќе бидат резултатите од дупчењето и продолжуваме со проектна документација за овој капитален објект, рече Мерко за СДК.мк.(14 Април 2021).

Сепак, наспроти најавите, до денес (29.09.2021) сè уште не е отпочната изградбата на подземен паркинг во Струга, па затоа ова ветување на Мерко го оценуваме како неисполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Соња Рилковска

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција