Не е откриен гробот на Александар Македонски при археолошки ископувања во близина на Струмица
По проверката на релевантни извори и медиуми, утврдивме дека за ваквата информација нема официјална потврда од ниту една институција во Северна Македонија (Министерство за култура, МАНУ, Археолошки музеј).
По проверката на релевантни извори и медиуми, утврдивме дека за ваквата информација нема официјална потврда од ниту една институција во Северна Македонија (Министерство за култура, МАНУ, Археолошки музеј). Нема кредибилни извештаи во светски медиуми за вакво откритие. Не постои најавена или одржана прес-конференција со конкретни археолози и докази, веста не е потврдена од ниту еден релевантен извор. Ако вакво откритие во близина на Струмица навистина имало, тоа би било револуционерно, но и екстремно тешко да се докаже веднаш
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Утрово, при археолошки ископувања во близина на Струмица, според потврдени информации, бил откриен камен саркофаг во кој се наоѓаат останките на Александар Македонски. Според првичните сознанија, на предниот дел од гробната конструкција бил забележан симболот од Кутлеш, додека самата форма и обработка на каменот наводно упатувале на исклучително значаен антички локалитет. Според првичните анализи од тимот на терен, нема повеќе простор за сомнеж дека откриениот гроб во Струмица му припаѓа на Александар Македонски. Формата на саркофагот, монументалната изработка, симболиката на сонцето и самата структура на гробната целина, наводно, јасно упатуваат на личност од највисок ранг од античка Македонија. Дел од експертите дури тврдат дека вакво совпаѓање на елементи не може да биде случајно и дека станува збор за откритие што засекогаш ќе ја промени историјата. Во јавноста веќе се шират тврдења дека ова е најголемото археолошко откритие на нашето време, а според неофицијални информации, се подготвува и вонредна прес-конференција на која ќе бидат соопштени сите детали. Неименувани истражувачи велат дека распоредот, камената обработка и симболите на гробот недвосмислено го поврзуваат локалитетот со самиот Александар Македонски. Дел од јавноста веќе го нарече ова „археолошко откритие на векот“, а други побараа официјалните институции итно да излезат со став и да ги соопштат сите детали.
Објавата споделува и фотографија на која се прикажани наводно археолози како ископуваат наводно антички гроб на кој е нацртано Сонцето од Кутлеш.
Објавата тврди дека при археолошки ископувања во близина на Струмица бил откриен саркофаг со останките на Александар Македонски. Според тврдењата, симболиката и структурата на гробот „недвосмислено“ укажувале дека станува збор за најпознатиот антички владетел.
По проверката на релевантни извори и медиуми, утврдивме дека за ваквата информација нема официјална потврда од ниту една институција во С. Македонија (Министерство за култура, МАНУ, Археолошки музеј). Нема кредибилни извештаи во светски медиуми за вакво откритие. Не постои најавена или одржана прес-конференција со конкретни археолози и докази. Значи, веста не е потврдена од ниту еден релевантен извор. Не е ниту наведено кои се тие археолози, кои наводно го откриле гробот, домашни ли се ил истрански, од која или кои институции доаѓаат, кое е наоѓалиштето, зошто е копано токму на тоа место, кои биле првичните наводи и траги кои археолозите ги навело да го истражуваат токму тоа, засега непознато архелошко наоѓалиште, дали ова е првпат да се копа на таа локација или е истражувано и претходно и слично. Едноставно, нема никакви детали за овој потфат. Ако вакво откритие во близина на Струмица навистина имало, тоа би било револуционерно, но и екстремно тешко да се докаже веднаш.
Дополнително, при проверка на фотографијата со алатката „Хајв“, утврдивме дека таа е креирана со помош на вештачка интелигенција.

Историските податоци укажуваат дека гробот на Александар Македонски е една од најголемите нерешени мистерии во археологијата, најчесто е поврзуван со Александрија, Египет, каде според антички извори било пренесено неговото тело.
И покрај повеќе од 100 обиди за пронаоѓање, точната локација на гробот сè уште не е потврдена.
Неколку елементи од веста се типични за дезинформација: формулации како „нема повеќе сомнеж“, што е нетипично за научни откритија, потпирање на анонимни извори, извлекување заклучоци само врз основа на симболи (како сонцето од Кутлеш), недостиг на научни анализи (ДНК, датирање, контекст).
Дополнително, и во минатото имало бројни „сензационални“ тврдења за пронаоѓање на гробот, кои подоцна не биле потврдени.
Од сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар