Не е почната изградбата на спортскиот комплекс СРЦ „Хиподром“

Фото: скриншот

Почнување со изградба на спортскиот комплекс СРЦ „Хиподром“, кој ќе вклучува изградба на игралишта за спорт и за рекреација. Рок 2014

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Овој проект е најавен во изборната програма на градоначалникот на Општината Гази Баба, Тони Трајковски за периодот 2013-2017 година, но досега не е реализиран.

За овој проект, тој зборувал и во претходниот мандат 2009-2013 година. Имено, на официјалната страна на Општина Гази Баба, во отчетот за остварени проекти за 2009 година, во делот на проекти кои се во фаза на реализација, под точка 7, меѓудругото, наведено е дека е подготвен ДУП за СРЦ Хиподром.

Ветувањето за отпочнување со ревитализација на овој спортско-рекреативен центар е содржано во изборната програма за овој мандат, но проектот за изградба на спортски игралишта воопшто не е почнат.

Неколку месеци по изборот на Трајковски за градоначалник во втор мандат на Гази Баба, во еден медиум, на 22.09.20143 година  беше објавен текст, дека Скопје е полно со спортски игралишта кои не се одржуваат.

Не треба да си редовен корисник на спортските терени во Хиподром за да увидиш дека спортско-рекреативниот центар бара итно освежување на закоравените и обраснати терени. Локалните жители и рекреативци нема да имаат ништо против современи и функционални решенија. Моментално на фудбалското игралиште се гледаат за’рѓани стативи и испукан цемент. На теренот за ракомет растат различни сорти растенија, а тенискиот дел одамна сонува за средишна мрежа. Запуштените тениски терени се обвиткани со ограда висока 3-4 метри. Вегетацијата до оградата, пак, израснала 5-6 метри. Целиот простор наоколу станал магнет за вршење основни физиолошки потреби

На веб страната хиподром.мк, на 03.11.2015 година е објавен текст за СРЦ Хиподром.

Денеска после толку години, сликата која може да се види од она што остана од некогаш скопската атракција за пикник е во најмала рака речено пустош, дрвата исечени, местото претворено во ниви и израсната трева, места кои доколку загледате подобро ќе приметите дека тука некогаш постоеле спортски игралишта. Но освен забот на времето и несовесноста на месното население, голем минус има и градскиот татко или таткото на општината кои искрено не најдоа решение за ова место да му го вратат стариот сјај. 

На истата страна, на 14.11.2015 година е објавена фотогалерија од СРЦ Хиподром каде авторот на текстот заклучува:

СРЦ Хиподром во моментална состојба во која е сеуште иако овие слики се од пред неколку години, како што и сами може да заклучите сликата е сеуште иста во некои делови и полоша. 

Пребарувањата на Гугл и на македонските агрегатори на вести не доведуваат до ниту еден напис за тоа дека воопшто е почнато спроведувањето на овој проект, од што може да се извлече заклучок дека ова ветување на градоначалникот на Гази Баба е неисполнето.

Извори:

 

Оценето од: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција