Не е точно дека Англија го легализирала инцестот

Фото: Nikitagrg, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Бракот меѓу блиски роднини – родители и деца, браќа и сестри, чичковци, тетки и внуки – отсекогаш бил и останува забранет во Обединетото Кралство. Први братучеди не се вклучени во оваа листа, што значи дека законот дозволува бракови меѓу нив.

Бракот меѓу блиски роднини – родители и деца, браќа и сестри, чичковци, тетки и внуки – отсекогаш бил и останува забранет во Обединетото Кралство. Први братучеди не се вклучени во оваа листа, што значи дека законот дозволува бракови меѓу нив. Видеото што го споделува објавата што ја анализираме, првпат беше објавено во март 2025 година. Во него не се дискутира за легализацијата на инцестот, туку за одбивањето да се поддржи предлог-законот предложен од пратеник за забрана на бракови меѓу први братучеди

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

НА ГЛАВА ЧЕ ВИ ДОЈДИ НА СИТЕ КОИ ГИ ПОЧИТУВАТЕ тнр западни вредност КОИ ВИ ГИ НУДАТ вашите лидери од од политиката САМО НАПРЕД ГЛАСАЈТЕ СИ ГИ. Сатанската Англија го легализира инцестот. Од секогаш Лондон е главата на сатаната во сиот овој свет.

Објавата споделува видео од дебата во англискиот парламент на која е присутен и англискиот премиер Кир Стармер.

 

Од каде потекнува дезинформацијата дека Англија го легализира инцестот

Како што пишува сајтот за проверка на фактите Инвестигатебел. орг, дезинформацијата дека Англија го легализирала инцестот доаѓа од водителката на белоруското Радио Минск, Аљона Родовскаја, која го искажала тврдењето за легализација на инцестот во Обединетото Кралство на 23 септември 2025 година, за време на емитувањето на „Вечерниот политички канал“ на Јутјуб:

Денес Кир Стармер официјално го легализираше во Обединетото Кралство… Сега само застанете или опуштете се… Тој ги легализираше браковите меѓу браќа и сестри. Сега татковците можат да се оженат со своите ќерки, а синовите можат да им ја понудат раката и срцето на своите мајки. И тој го сметаше ова за неопходен чекор. А сега, во таа земја, инцестот е законски дозволен, посочува таа во емисијата.

Истиот ден, авторите на Телеграм каналот Shkvarka News објавија пост со слична содржина. За да го поткрепат своето тврдење, тие прикачија видео од фрагмент од владина седница на која наводно се прикажува дискусија за легализација на браковите меѓу роднини. Објавата содржела превод од дијалогот на политичарите (зачуван е оригиналниот правопис и интерпункција):

— Господине Стармер, дали разбирате што правите? Ги легализирате браковите меѓу браќа и сестри, меѓу роднини. Ова повлекува катастрофални здравствени ризици, од кои многу не се ни познати сè до породувањето. Кога се практикува генерација по генерација, Англичаните ќе изумрат.

— Ние го зазедовме нашиот став за тој закон. Ви благодарам.

 

Истиот овој фрагмент од видеото е споделен и во објавата којашто е предмет на нашата анализа.

Ова видео е реално. Тоа првпат беше објавено во март 2025 година. Во него не се дискутира за легализацијата на инцестот, туку за одбивањето да се поддржи предлог-законот предложен од пратеник за забрана на бракови меѓу први братучеди, наведува Инвестигатебел. орг во својата анализа. Оригиналното видео не ја содржи фразата: „Господине Стармер, разбирате ли што правите? Ги легализирате браковите меѓу браќа и сестри, меѓу роднини“. Ниту, пак, го вклучува тврдењето дека „Англичаните ќе изумрат“.

 

Бракови меѓу први братучеди – за и против

Бракот меѓу блиски роднини – родители и деца, браќа и сестри, чичковци, тетки и внуки – отсекогаш бил и останува забранет во Обединетото Кралство. Први братучеди не се вклучени во оваа листа, што значи дека законот дозволува бракови меѓу нив.

Во декември 2024 година, конзервативниот пратеник Ричард Холден предложи закон за забрана на бракови меѓу први братучеди. Ова предизвика дебата. Експертите признаваат дека ваквите бракови меѓу роднини ги зголемуваат здравствените ризици за децата. Сепак, противниците тврдат дека целосната забрана нема да функционира бидејќи е тешко да се спроведе и може да предизвика социјални тензии, бидејќи овие бракови се прилично чести во пакистанската заедница во Обединетото Кралство.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција