Не е точно дека бремена жена од Скопје освоила 23 милиони евра од апликација на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо Фото: Анна Нэсси, CC BY-SA 3.0 GFDL, via Wikimedia Commons

Овој вид рекламирање лесно може да ги доведе во заблуда невнимателните потрошувачи. Самиот Роналдо никогаш не ја промовирал играта „Чикен Роуд“ која се појавува на екранот на видеото, и покрај некои тврдења изнесени на интернет. Затоа е клучно да се потврди автентичноста на изворите на информации за да се избегне каква било забуна.

Овој вид рекламирање лесно може да ги доведе во заблуда невнимателните потрошувачи. Самиот Роналдо никогаш не ја промовирал играта „Чикен Роуд“ која се појавува на екранот на видеото, и покрај некои тврдења изнесени на интернет. Затоа е клучно да се потврди автентичноста на изворите на информации за да се избегне каква било забуна

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува невистинито видео коешто е креирано со помош на вештачка интелигенција и во кое се злоупотребени брендот, името, логото на Телевизија Телма и идентитетот на новинарот и презентер Павле Беловски.

Во невистинитата содржина креирана со помош на вештачка интелигенција се појавува видео со телоп кој никогаш не бил емитуван на Телма, со невистинита содржина „Бремена жена од Скопје освои 23 милиони евра во апликацијата на Кристијано Роналдо“. Ваквата информација ниту е точна, ниту некогаш била објавена на вести.

Уште еден од знаците коишто издаваат дека се работи за монтажа со вештачка интелигенција е тоа што гласот на Беловски во неколку наврати е синхронизиран со погрешни зборови како на самиот почеток, каде наместо „сензационална приказна“ тоа е намонтирано да изгледа дека кажува „сензациона приказна“.

Невистинитиот текст кој му е припишан на Беловски со цел да се изманипулира јавноста да поверува дека станува збор за нешто кое било емитувано на вести гласи:

Сензациона приказна од родилиштето во Скопје ја потресе цела земја. Жена за една ноќ родила ќерка и добила 23 милиони евра. Елена Петровска стана најбогатата родилка во Македонија благодарение на апликацијата Лаки Чик создадена од Кристијано Роналдо. За време на породилните болки Елена решава да се развлече и уплатила 20 евра во Лаки Чик. Веќе 1 час по породувањето на нејзината сметка имало 23 милиони евра. Секој нов играч добива почетен бонус од 4 хиљади евра и шанса да добие до 30 милиони. Во првите 48 часа по регистрацијата шансите за џек пот се зголемуваат 7 пати.

Беловски и Телма никогаш немаат емитувано ваква содржина, а кадрите што се злоупотребени се извадени од вестите на телевизијата. Вообичаено е рекламирањето и новинарството да бидат раздвоени, па така во секои вести има блок реклами и блок за информативната програма. Сосема е невозможно ваква содржина да била емитувана во информативниот дел од вестите со оглед на тоа што се работи за рекламирање.

Но, освен тоа, самата содржина е комплетно фабрикувана. При монтажата се направени и очигледни пропусти како на пример на Беловски му е намонтиран тон – реплика со грешки – „не го пропуштајте шансата“, на пример.

Потоа во продолжение на видеото се гледа и невистинита изјава од фудбалерот Кристијано Роналдо којашто тој никогаш не ја дал. Денес не е невообичаено да се видат познати личности како се појавуваат во реклами со вештачка интелигенција, а Кристијано Роналдо не е исклучок. Овие дигитални монтажи го експлоатираат имиџот на светски познати ѕвезди за да им дадат кредибилитет на разни, понекогаш сомнителни, производи и услуги.

Овој вид рекламирање лесно може да ги доведе во заблуда невнимателните потрошувачи. Самиот Роналдо никогаш не ја промовирал играта „Чикен Роуд“ која се појавува на екранот на видеото, и покрај некои тврдења изнесени на интернет. Затоа е клучно да се потврди автентичноста на изворите на информации за да се избегне каква било забуна.

Злоупотребата на Роналдо во овие реклами често се должи на алатки за вештачка интелигенција. Ова не се официјални кампањи туку тие заведуваат со злоупотреба на јавниот имиџ на фудбалерот кој нема никаква поврзаност со нив.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција