Не е точно дека Брисел го уништува населението со отрови и тешки метали од авиони

Фото: Willow2012, CC0, via Wikimedia Commons

Не е точно дека Брисел го уништува населението со отрови и тешки метали од авиони. Ова е широко распространета теорија на заговор која е побиена.

Не е точно дека Брисел го уништува населението со отрови и тешки метали од авиони. Ова е широко распространета теорија на заговор која е побиена. Во текст на „Гардијан“ од 12 јуни 2025 година со наслов „Зошто Кенеди се бори против дебанкирана теорија на заговор?“, медиумот повикувајќи се на експерти тврди дека кемтрејлс е мит базиран на дезинформации и недостиг на разбирање за тоа како различни нивоа на влажност предизвикуваат контрејлс (белите линии што остануваат зад авионите во лет), да исчезнуваат брзо или пак да останат подолго и да растат

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Зошто Владата во договор со соседни држави не побара од сатанистички Брисел да престане да го уништува населението со отровите и тешките метали на кемтрејлсите, односно нивните авиони кои испуштаат разни отрови. Во Америка во повеќе држави тоа веќе го стори министерот Џорџ Ф. Кенеди многу успешно. Време е Владата да почне да мисли за животот и здравјето на своето население!

Не е точно дека Брисел го уништува населението со отрови и тешки метали од авиони. Ова е широко распространета теорија на заговор која е побиена. Во објавата е погрешно наведено и името на американскиот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди помладиот. Во текст на „Гардијан“ од 12 јуни 2025 година со наслов „Зошто Кенеди се бори против дебанкирана теорија на заговор?“, медиумот повикувајќи се на експерти тврди дека кемтрејлс е мит базиран на дезинформации и недостиг на разбирање за тоа како различни нивоа на влажност предизвикуваат контрејлс (белите линии што остануваат зад авионите во лет), да исчезнуваат брзо или пак да останат подолго и да растат.

Роберт Ф. Кенеди помладиот е одлучен да преземе акција за кемтрејлс. За време на телевизиско интервју кога некој од публиката се пожали дека најголемата здравствена грижа за неа се кемтрејлс, Кенеди потврди дека „материјали се додавани во авионите“, пишува Гардијан.

Тој посочил дека ќе направи сè што е во негова моќ да го спречи ова.

Да пронајдам кој го прави ова и да ги донесам до одговорност, рече тој додавајќи дека „се обидува да дознае кој дел од владата е одговорен“.

Тој сугерираше и дека „виновниците можело да бидат Пентагон, со својата програма за напредно истражување“.

Меѓутоа, наспроти ова, темата за којашто има воено истражување не се кемтрејлс туку контрејлс – и тоа истражувањето е насочено кон тоа да се направат контрејлс (белите траги што остануваат зад авионот во лет) што помали за да се направат авионите што понезабележливи.

И покрај многуте такви тврдења, нема докази за тајно додавање на штетни супстанции во горивото за комерцијални авиони. Но, за конспиративците, ова само докажува дека мора да има прикривање, пишува „Гардијан“.

Неточно е наведеното во објавата што ја рецензираме дека „сатанистички Брисел го уништува населението со отрови и тешки метали на кемтрејлсите односно нивните авиони што испуштаат отрови“.

Проверувачите на факти на „Политифакт“во студија од 2016 година ги провери тврдењата за тајна атмосферска програма од големи размери, попозната како кемтрејлс. Авторите од Универзитет во Калифорнија, Ирвин и непрофитната организација Near Zero („Близу Нула“; количина, вредност или веројатност што е занемарливо мала, но не е баш нула) анкетираа хемичари специјализирани за кондензациски траги и геохемичари.

Седумдесет и шест од 77-те научници учесници се согласија дека доказите презентирани како поддршка на тврдењата дека се случува прскање во атмосферата можат да се објаснат преку други фактори, вклучувајќи „типично формирање на контрејлс од авиони, пишува Политифакт.

Контрејлс (скратеница од кондензациски траги) се „облаци во облик на линија“ што понекогаш се создаваат од издувните гасови на авионските мотори, како што е дефинирано од експертите во Агенцијата за заштита на животната средина, Федералната администрација за воздухопловство, Националната океанска и атмосферска администрација и НАСА.

Воздухопловните сили на САД го нарекоа заговорот за кемтрејлс измама и ги побија тврдењата за пријавени епидемии на болести по појавата на кемтрејлс.

Вистиномер го дебанкираше постоењето на кемтрејлс повеќе пати овде, овде и овде.

Поради горенаведените факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција