Не е точно дека дискотеката Пулс во Кочани била намерно запалена со дрон
Објавата споделува фотографија од дрон, која доколку ја пребарате на Гугл ќе видите дека прикажува дрон што го дизајнирале Кинезите пред пет години за гаснење на пожари, а не за палење и намерно предизвикување пожари. Нема логика со таков дрон нешто намерно да се палело, а уште помалку т.н. дискотека во Кочани. Не е првпат да се споделува лагата дека пожарот во дискотеката Пулс бил намерно подметнат
Објавата споделува фотографија од дрон, која доколку ја пребарате на Гугл ќе видите дека прикажува дрон што го дизајнирале Кинезите пред пет години за гаснење на пожари, а не за палење и намерно предизвикување пожари. Нема логика со таков дрон нешто намерно да се палело, а уште помалку т.н. дискотека во Кочани. Не е првпат да се споделува лагата дека пожарот во дискотеката Пулс бил намерно подметнат
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
ДАЛИ Е МОЖНО СО ВАКОВ Дрон ДА Е ЗАПАЛЕНА однадвор ДИСКО-ШУПАТА во Кочани ?
Не е првпат да се споделува и лага дека „пожарот во Пулс бил намерно подметнат“. Во минатото дебанкиравме слични тврдења кои теоријата на заговор ја водеа во корелација со „длабоката држава“.
Дека дискотеката „Пулс“ во Кочани не била намерно запалена покажуваат обвинението што го поднесе Јавното обвинителство и видеоматеријалите коишто се составен дел од доказниот материјал, а дел од нив се јавно достапни. Обвинението коешто беше презентирано на прес-конференција нема во својата содржина дејствие дека „дискотеката била намерно запалена“.
Обвинението се однесува на мноштво верижни пропусти од тоа што просторот немал дозвола ниту технички услови и стандарди да биде дискотека, употреба на несоодветни и леснозапаливи материјали, до тоа дека се пропуштале поголем број на луѓе отколку капацитетот, но во делот на самото настанување на пожарот нема дел за „намерно предизвикување на пожарот“. Наспроти тоа, во обвинението се наведува дека како резултат на мноштвото пропусти, на 16 март, на критичната вечер, на усно договорен настап без формално потпишан договор со музичката група ДНК, заради сценските ефекти при настапот била договорена употреба на пиротехнички средства. Во клубот се пропуштале посетители, меѓу кои и деца со што бил надминат дозволениот број посетители.
Биле активирани три пиротехнички фонтани на три базни уреди со телескопска антена, кои биле набавени без одобрение. Фонтаните исфрлале искри во правец на плафонот над сцената и како резултат на тоа започнало прогресивно опожарување на полиуретанскиот сунгер со кој бил обложен плафонот во објектот. Огнот брзо се проширил на целиот објект. Меѓу посетителите настанало масовно, неконтролирано и панично бегање преку единствениот излез за евакуација, кој не бил безбеден затоа што на патот за евакуација имало двокрилна двонасочна врата која претставувала пречка за движењето. Поради целосното непочитување на безбедносните правила за заштита од пожар, преполнетоста на објектот со посетители, настанало масовно туркање и паѓање на посетителите во ходникот со што напуштањето на објектот било целосно попречено и биле предизвикани тешките последици, информираа од Обвинителството.
Видеоматеријалите, кои постојат од моментите на настанувањето на пожарот, покажуваат дека прскалките го зафаќаат просторот над бината додека на сцената и во дискотеката се одвива настапот, но не го потврдуваат она кое е изнесено во објавата што ја рецензираме дека „дискотеката била намерно запалена“.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар