Не е точно дека „двојникот на Фаучи“ е во судница
Реномирани светски медиуми, како на пример Би-Би-Си, известуваа дека поранешниот главен медицински советник на Белата куќа, Ентони Фаучи, во средата се појави пред комисија на американскиот Сенат која го истражува неговото постапување за време на ковид пандемијата. Така што, ниту Фаучи е во судница, а уште помалку неговиот двојник, како што невистинито се тврди во оваа објава
Реномирани светски медиуми, како на пример Би-Би-Си, известуваа дека поранешниот главен медицински советник на Белата куќа, Ентони Фаучи, во средата се појави пред комисија на американскиот Сенат која го истражува неговото постапување за време на ковид пандемијата. Во текот на сведочењето тој повеќе од 100 пати се повика на своето уставно право на петтиот амандман, што ги разгневи републиканците.Така што, ниту Фаучи е во судница, а уште помалку неговиот двојник, како што невистинито се тврди во оваа објава
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
31.07.2026
Двојникот на Фаучи е во судница, Се повеќе излегува лагата за Ковидот. Честитки од секаде за невакцинираните.
Наспроти изнесеното во објавата, не е точно дека „двојник на Фаучи“ е во судница, ниту дека ковид е лага, ниту дека од секаде стигнувале честитки за невакцинираните. Теорија на заговор е дека Ентони Фаучи има двојник. Таа теорија на заговор се темели на дезинформации од движењето „Кју Анон“ дека познати јавни личности имаат свои извршители-двојници кои се појавуваат во јавност.
Она коешто всушност се случуваше минатата недела, а за кое известуваа реномирани светски медиуми како на пример Би-Би-Си, е дека поранешниот главен медицински советник на Белата куќа, Ентони Фаучи, во средата се појави пред комисија на американскиот Сенат која го истражува неговото постапување за време на ковид пандемијата. За време на сведочењето, тој повеќе од 100 пати се повика на своето уставно право на петтиот амандман, што ги разгневи републиканците. Петтиот амандман е дел од Уставот на Соединетите Американски Држави кој ги штити луѓето од себе-инкриминација. Ратификуван во 1791 година, тој дава пет клучни законски права за заштита на поединците за време на судските постапки.
Адвокатот на Ентони Фаучи, како што вели тој за Би-Би-Си, инсистира дека неговиот клиент има цврста правна основа за ваквиот потег, откако на Фаучи му се заканија со кривично гонење поради одбивањето да одговара на прашања за време на напнатото сослушување во Конгресот.
Така што, ниту Фаучи е во судница, а уште помалку неговиот двојник, како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме.
Фаучи беше повикан да сведочи во комисијата на американскиот Конгрес од страна на републиканскиот сенатор Ренд Пол од Кентаки, кој го обвинува дека го довел Конгресот во заблуда. Како што објави Ал Џезира, сослушувањето предводено од Пол се фокусирало на повеќе прашања меѓу кои и потеклото на ковид-19. Пол долго време тврдеше дека коронавирусот можеби протекол од лабораторија во Вухан, Кина. Републиканците велат дека Фаучи го довел во заблуда Конгресот околу тоа дали Националниот институт за јавно здравје (NIH) финансирал истражување во Институтот за вирусологија во Вухан, кое вклучува модифицирање на вирусите за да се разбере како тие еволуираат и да се проценат ризиците од пандемија.
Пол го обвини Фаучи дека давал лажни изјави пред Конгресот и дека ја криел вмешаноста на Националниот институт за јавно здравје во истражувањата во Вухан. Фаучи го негира тоа.
На крајот претседавачот на комисијата сенаторот Ренд Пол, сугерираше дека поради тоа што Фаучи над 100 пати се одлучи да го користи своето право на петтиот амандман од Уставот на САД, би можел да се соочи со постапка за непочитување на Конгресот. Сепак, адвокатот на Фаучи изјави дека неговиот клиент е на сигурна правна основа, додавајќи: „Ренд Пол можеби е лекар, но не е правник“.
Повикувањето на Петтиот амандман само по себе не е кривично дело и рутински го користат обвинетите во кривични истраги на секое ниво на американскиот судски систем.
Адвокатот на Фаучи, Дејвид Шертлер, во е-порака до CBS изјави:
Целосно сме убедени дека д-р Фаучи има право да се повика на Петтиот амандман во овој случај и дека има цврста правна основа за тоа.
Невистинит е делот дека ковид пандемијата била лага и „Вистиномер“ го дебанкираше тоа повеќепати досега.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар