Не е точно дека е спречено слободното движење поради Ковид-19

Фото: pxhere.com

Во пост на социјалната мрежа Фејсбук, изнесени се неколку невистинити или полувистинити тврдења, што можат да ја дезинформираат јавноста, се однесуваат делумно и на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, беа доуредени најнапред во собраниската Комисија за здравство, а потоа и на пленарна седница

Во пост на социјалната мрежа Фејсбук, изнесени се неколку невистинити или полувистинити тврдења, што можат да ја дезинформираат јавноста, се однесуваат делумно и на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, беа доуредени најнапред во собраниската Комисија за здравство, а потоа и на пленарна седница

 

Првата изнесена дезинформација се однесува на тоа дека ,,ако случајно се собере поголема група на луѓе дома, полицијата ќе може слободно да влезе и да ја наруши неповредливоста на домот како едно од загарантираните човекови права“.

Ваков амандман навистина беше поднесен до собраниската Kомисија за здравство, меѓутоа тој не беше усвоен поради протестната нота од страна на опозициските пратеници, кои инсистираа на тоа дека ваквата мерка е неуставна. Потоа, министерот за здравство, Венко Филипче, и пратениците од владејачкото мнозинство, се повлекоа од оваа мерка, односно таа не влезе во законскиот текст за кој што се дискутира. Затоа, не е целосно точно дека ,,полицијата ќе може слободно да влезе и да ја наруши неповредливоста на домот како едно од загарантираните човекови права“.

Полицијата, сепак, како и досега, доколку добие пријава од некој сосед за нарушување на јавниот ред и мир, на пример, може да постапи, и тоа неповрзано со пандемијата.

Во постот се тврди дека е спречено слободното движење, што воопшто не е точно. Ограничување на слободното движење е мерка која што не е на сила во Република Северна Македонија. Секој граѓанин има право да се движи кога сака, каде сака, во текот на 24 часа од денот во сите градови.

На сила е, сепак, затворање на сите економски оператори после 23 часот, вклучително и угостителските објекти. Ова се прави со цел да се ограничи не слободното движење, туку групирањето како главен извор на трансмисија на коронавирусот. И министерот за здравство, Венко Филипче, на 29 октомври годинава, по завршувањето на деветтата седница на Советот за безбедност, рече дека мерките не се однесуваат на ограничувањето на слободата на движењето, туку на групирањето и на носењето задолжителна маска.

Здравствениот систем од крајот на февруари и почетокот на март е во постојана вонредна состојба. Мора да се живее со…

Posted by Венко Филипче on Thursday, October 29, 2020

Во постот последната дезинформација е дека секојдневно се лаже и се манипулира со бројката на заразени и починати со што се шири параноја и страв. Како поткрепа на ова, се изнесува податокот дека министерот во интервју изјавил оти сите случаи кај кои е констатиран вирусот се пријавуваат.

Од самиот почеток ги пријавуваме апсолутно сите случаи. Се случува да дојде пациент со друга тешка здравствена состојба, тогаш да му биде направен и Ковид тест, тој да почине и потоа да стигне резултатот и да биде позитивен. Ние го пријавуваме и тој случај. И кога некоја друга болест била директна причина за смртта, доколку пациентот бил позитивен на Ковид-19, ние го пријавуваме како смртен случај– рече Филипче.
Ваквото мерење на смртноста е во согласност со препораките на Светската здравствена организација (СЗО), кои ги следи и нашата земја. Во прирачникот за кодирање на смртноста од ковид 19 е нагласено следното.

Како смрт поради Ковид-19 се дефинира смрт што резултирала од клинички компатибилна болест, во веројатен или потврден случај на ковид-19, освен ако не постои јасна поинаква причина за смртта, која не може да се поврзе со Ковид-19. На пример, траума. Смрт што настапила поради ковид-19, не смее да се атрибуира на друга болест, на пример канцер, и треба да се брои независно од околностите за кои постои сомнеж дека го поттикнале агресивниот тек на Ковид-19.

Понатаму во постот се бара одговор на прашањето дали носењето маска на отворено носи и здравствени бенефити. Министерот за здравство Филипче, ја гледа оправданоста на оваа мерка во тоа што ПМ 10 честичките во воздухот се трансмитери на коронавирусот и со задолжителното носење на маска во зимскиот период се штити населението.

Следствено, сите мерки кои се вклучени во изменетиот Закон за заштита на населението од заразни болести имаат медицинска оправданост.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција