Не е точно дека е уништена израелска нуклеарна централа, нема радиоактивно истекување
Информацијата содржана во објавата што ја анализираме дека „израелска нуклеарна централа била уништена од ирански балистички ракети и дека истекува радиоактивен материјал“, е неточна. Станува збор за лажна вест која се шири онлајн и е поврзана со ист, но контекстуално и географски неповрзан видеоклип.
Информацијата содржана во објавата што ја анализираме дека „израелска нуклеарна централа била уништена од ирански балистички ракети и дека истекува радиоактивен материјал“, е неточна. Станува збор за лажна вест која се шири онлајн и е поврзана со ист, но контекстуално и географски неповрзан видеоклип
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Брејкинг: Израелската нуклеарна централа е УНИШТЕНА од повеќе ирански балистички ракети, при што доаѓа до истекува на радиоактивен материјал.
Информацијата содржана во објавата која ја анализираме дека „израелска нуклеарна централа била уништена од ирански балистички ракети и дека истекува радиоактивен материјал“ е неточна. Станува збор за лажна вест која се шири онлајн и е поврзана со ист, но контекстуално и географски неповрзан видеоклип.
Војната меѓу Израел и Иран ескалира со размена на ракетни удари: Израел и САД спроведуваат воздушни удари врз ирански цели, а Иран лансира балистички ракети и дронови кон израелска територија, но и во поширокиот регион.
Вистиномер не успеа да најде потврда од ниту еден релевантен извор и медиум дека која било нуклеарна централа во Израел е уништена. Тврдењата што кружат се поврзани со стар видеоклип од експлозија во Украина од 2017 година, кој е лажно прикажуван како сцена од наводен напад врз израелска нуклеарна централа.
BREAKING: 🇮🇱Israel’s Nuclear reactor power plant has been DESTROYED by multiple🇮🇷Iranian ballistic missiles, leaking radioactive material. pic.twitter.com/t2BM1FNDKL
— GPX (@GPX_Press) March 2, 2026
На 23 март 2017 година, Би-Би-Си објави дека околу 20.000 луѓе биле евакуирани по серија експлозии што се случиле во огромно складиште за оружје во Балаклија. Оружјето складирано во складиштето наводно било за украинските сили што се борат против проруските сепаратисти на исток, на границата со Русија.
Ниту една релевантна меѓународна агенција (како Меѓународната агенција за атомска енергија — МААЕ) или кредибилен медиум не потврдува дека таква катастрофа со радиоактивно истекување се случила.
Значи, моментално нема веродостојни докази дека Израелската нуклеарна централа е нападната и уништена, ниту дека има радиоактивно истекување поради ирански балистички ракети. Доколку има нови и проверени информации, тие би биле објавени од релевантни меѓународни извори или големи новинарски агенции.
Поради тоа, објавата што ја анализираме, ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар