Не е точно дека ЕУ е нацифашистичка и дека во ЕП се гласало за тоа дали постојат Македонци

Влезот во Европскиот парламент Фото: Hartmut Schmidt Heidelberg, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Не е точно дека Европската Унија е нацифашистичка, како што сака тоа да го прикаже објавата. Ваквиот наратив е на иста линија со про-Кремљ дезинформациите дека сите се „нацисти“, освен Русија.Тврдењето дека Европската Унија е нацистичка и нејзиното поврзување со фашизмот е комплетно спротивно на реалните заложби и цели поради кои Унијата е воопшто формирана. Објавата дезинформира дека во Европскиот парламент се гласало за тоа дали Македонците постојат или не. За вакво нешто не се гласало во ЕУ.

Не е точно дека Европската Унија е нацифашистичка, како што сака тоа да го прикаже објавата. Ваквиот наратив е на иста линија со про-Кремљ дезинформациите дека сите се „нацисти“, освен Русија. Тврдењето дека Европската Унија е нацистичка и нејзиното поврзување со фашизмот е комплетно спротивно на реалните заложби и цели поради кои Унијата е воопшто формирана. Објавата дезинформира дека во Европскиот парламент се гласало за тоа дали Македонците постојат или не. За вакво нешто не се гласало во ЕУ. Европскиот парламент на 9 јули гласаше и го усвои Извештајот на европратеникот Томас Вајц за напредокот на Северна Македонија  за 2023 и 2024 година. Тоа што во Извештајот не е содржана формулацијата „македонски идентитет и јазик“, не значи дека европарламентраците изгласале дека не постојат Македонци. Северна Македонија е независна и демократска држава која е членка на НАТО и земја аспирант за членство во ЕУ

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

ЕУ, ФАК ЈУ!

Не ја разбирам мазохистичката потреба на македонските политичари, па и на поединци, одново и одново да и докажуваат на ЕУ нацифашиситчка и на една измислена татарска држава како БУгарија дека водата постои, односно дека Македонија, македонската историја, јазик и идентитет постојат.

Македонија и Македонците постојат од кога постои светот и векот со сите нејзини атрибути. Македонците се носители на светлината на Знаењата за човештвто. Тоа е наше природно право дадено од Бога.

Затоа никому во светот, а посебно не на нацифашистичка ЕУ и на нејзините институции, не сме должни да објаснуваме дека постоиме како Македонија и Македонци.

Денес ЕУ е една периферија и економски и политички и воено. Тоа што нејзините нацифашиситчки лидери со помош на мускули и лажен ПР имиџ сакаат да диктираат во светот е сам нивна илузија и никоја посериозна држава ама баш не ги есапи. НЕ ПОСТОИ ЗАЕДНИЦА ВО СВЕТОТ во која со гласање некои нејзини членки решаваат дали постои народ, негов јазик, идентитет и историја. И наместо да и се каже СТОП и АДИО на ЕУ наци фашистичка, нашите политилари во садо-мазохиситчки манир се држат “ко слеп за стап” за една незначајна вештачка творба.

Што по ѓаволите значи некакво си гласање во еден божем демократски ЕП кој уште утре нема да го има. Нашиот живот како Македонци не зависи од некакви си “европски” робови на Сатаната и затоа треба да си го пополниме со вистинска содржина а не со приказна за една креатура како ЕУ!

Објавата изнесува неколку дезинформации.

Прво, се обидува да ја според Европската Унија со нацистичка Германија и да ја прикаже како некаков „роб на сатаната“.

Не е точно дека Европската Унија е „нацифашистичка“, како што сака тоа да го прикаже објавата. Ваквиот наратив е на иста линија со про-Кремљ дезинформациите дека сите се „нацисти“, освен Русија.

Како што објавува EuVsDisinfo, долги години руските медиуми, контролирани од државата, тврдeле дека различни држави и ентитети се управувани од нацисти, или, пак, се водат од нацистичката идеологија. Примерите се добро документирани во базата на податоци EUvsDisinfo од 2015 година. Говорејќи во Владивосток шест месеци по руската инвазија врз Украина, Владимир Путин дури шпекулираше дека шефот за надворешна политика на ЕУ, високиот претставник Жозеп Борел, „ќе беше на страната на фашистите доколку живееше во триесетите“.

Тврдењето дека Европската Унија е нацистичка и нејзиното поврзување со фашизмот е комплетно спротивно на реалните заложби и цели поради кои Унијата е воопшто формирана. Станува збор за политичка и економска унија на 27 земји членки примарно лоцирани во Европа, со политики кои обезбедуваат слободно движење на луѓе, проток на добра, услуги и капитал на внатрешниот пазар, заеднички политики за трговија агрикултура и регионален развој.

На 25.10.2018 година, Европскиот Парламент објави дека е загрижен од зголемениот тренд на нормализација на фашизмот, расизмот и ксенофобијата и повика сите земји членки на Европската Унија да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи.

Членовите на Европскиот парламент ги охрабруваат националните влади ефективно да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи и сите други фондации и асоцијации кои го глорифицираат нацизмот или фашизмот.

Заложбите на Европската Унија не само што не се фашистички, туку и цврсто се темелат на антифашистички политики, препораки и дејствија.

Што се однесува до тезите за „сатанска ЕУ“, тие премногу асоцираат на дезинформациите и пропагандата која се шири од Кремљ, a која му е посветена на Западот во обид да се оправда агресивната руска воена инвазија на Украина.

Постојат обиди конспиративните заедници, кои промовираат тези комбинирани меѓу пропагандата од Кремљ и пропагандата од Кју Анон – да ја сатанизираат ЕУ како безбожна и педофилска, и покрај тоа што овие тврдења не се основани, а фактите, законската регулатива и принципите на ЕУ заговараат токму спротивни работи, како стабилност, мир, казнување на педофилијата и промоција на еднаквоста и достоинството на сите луѓе.

За ова повеќе прочитајте во анализата на Вистиномер тука.

Втората дезинформација која се обидува да ја промовира објавата е дека Европската Унија е вештачка творба. И тоа не е точно. Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз (заедница) на 27 земји во Европа со заеднички институции (Европската комисија, Европски парламент, Совет на ЕУ). Таа е резултат на договори меѓу суверени држави.

Најновата анкета на Евробарометар од март 2025 година, покажува дека граѓаните на Европа сакаат ЕУ да ги заштити и да дејствува обединето.

Според анкетата, 66% од граѓаните на ЕУ сакаат ЕУ да преземе поважна улога во нивната заштита од глобални кризи и безбедносни ризици. Речиси три четвртини од граѓаните на ЕУ (74%) веруваат дека нивната земја имала корист од тоа што е членка на ЕУ. Ова е највисокиот резултат досега забележан во анкетата на Евробарометар за ова прашање откако за прв пат беше поставено во 1983 година. Покрај тоа, постои широка согласност меѓу граѓаните на ЕУ дека земјите-членки на ЕУ треба да бидат пообединети за да се соочат со сегашните глобални предизвици (89%) и дека на Европската Унија ѝ се потребни повеќе средства за справување со предизвиците што претстојат (76%).

Според ова, не може да се каже дека ЕУ е вештачка творба, таа има поддршка од членките.

И трето, објавата дезинформира дека во Европскиот парламент се гласало за тоа дали Македонците постојат или не. За вакво нешто не се гласало во ЕУ. Европскиот парламент на 9 јули гласаше и го усвои Извештајот на европратеникот Томас Вајц за напредокот на Северна Македонија за 2023 и 2024 година.

Во извештајот се нагласува дека проширувањето треба да биде процес базиран на заслуги, врз основа на Копенхашките критериуми и се повикува Северна Македонија да ги спроведе потребните реформи.

Пратениците го поздравуваат новиот Заеднички механизам за реформи и раст од 750 милиони евра, пофалувајќи ја амбициозната агенда на Северна Македонија. Тие ја повикуваат да усвои силен фокус на спроведувањето на реформите, особено во јавната администрација, управувањето, владеењето на правото и антикорупциската политика. Забележувајќи ги влошувачките трендови во корупцијата на високо ниво и ниската јавна доверба во судството, тие повикуваат на посилна судска независност, поголема отчетност и соодветни ресурси за надзорните тела.

Денес го усвоивме првиот извештај за земјата од 2022 година. Како известувач, неуморно работев за добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот напредок на оваа земја. Северна Македонија е предводник во регионот, покажувајќи вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на името и смели реформи. Но, нејзиното пристапување е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови, поттикнувајќи јавно фрустрација и разочарување од ЕУ. Ги повикувам сите политички партии во Северна Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус, што би го зајакнало мултиетничкиот карактер на земјата и би го забрзало напредокот во ЕУ, изјави Вајц.

Значи, никој не гласал за тоа дали Македонци има или не. Тоа што во Извештајот не е содржана формулацијата „македонски идентитет и јазик“, не значи дека европарламентраците изгласале дека не постојат Македонци. Северна Македонија е независна и демократска држава која е членка на НАТО и земја аспирант за членство во ЕУ.

Манипулации и шпекулации дека македонскиот јазик и идентитет се загрозени почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи откако беше потпишан Договорот од Преспа со кој се реши долгогодишниот проблем со Грција околу уставното име на нашата држава.

Договорот беше потпишан од министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров, и посредникот на ООН за спорот за името на Македонија, Метју Нимиц, на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Егејска Македонија, на Преспанското Езеро. Значи, тој беше постигнат со посредство на Обединетите нации, а не на САД.

Со Преспанскиот договор не се сменети македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Дека е тоа така може да се види ако се погледне содржината на Договорот  кој беше ратификуван и во Собранието. Во овој документ, со кој новото име на државата е „Република Северна Македонија“ за севкупна употреба со превод на сите јазици, нема ниту една одредба со која се загрозуваат македонскиот идентитет и македонската посебност, ниту, пак, се бришат термините „Македонија“ и „македонски“.

Со членот 7 (став 3) од Договорот се гарантира македонскиот идентитет и правото да се определуваме како Македонци. Во однос на Втората страна, овие термини („Македонија“ и „македонски“ , н.з.) ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство, кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2). Согласно Договорот од Преспа термините: Македонец, македонска, македонски, се трајно заштитени и никој повеќе нема да може да ги негира или оспоруваанализираше „Вистиномер“ пред 5 години.

Согласно Договорот од Преспа термините: Македонец, македонска, македонски, се трајно заштитени и никој повеќе нема да може да ги негира или оспорува.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е неточна.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција