Не е точно дека „ЕУ не дозволува да се реформира судството“ во земјава

Новинари и фоторепортери пред Уставен суд Фото: Ванчо Џамбаски

Европската Унија  активно инвестира во подобрување на судскиот систем на Северна Македонија преку разни програми и иницијативи фокусирани на зајакнување на владеењето на правото, подобрување на судскиот капацитет и промовирање на судските реформи.

Европската Унија активно инвестира во подобрување на судскиот систем на С. Македонија преку разни програми и иницијативи фокусирани на зајакнување на владеењето на правото, подобрување на судскиот капацитет и промовирање на судските реформи

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Донесете веќе судии ако треба и од Северна Кореја, гледате дека ЕУ не ве пушта да го реформирате иструленово судство?! Не се трпат повеќе неправди!

Не е точно дека „ЕУ не дозволува да се реформира судството“ во Северна Македонија. Европската Унија  активно инвестира во подобрување на судскиот систем на С. Македонија преку разни програми и иницијативи фокусирани на зајакнување на владеењето на правото, подобрување на судскиот капацитет и промовирање на судските реформи. Овие напори имаат за цел да го усогласат судскиот систем на земјата со европските стандарди и да ја подобрат неговата целокупна ефикасност и независност.

Всушност, инвестицијата на ЕУ во судскиот систем на С. Македонија е повеќеслојна, со цел подобрување на целокупното владеење на правото, зголемување на ефикасноста и независноста на судовите и зајакнување на борбата против корупцијата и другите кривични дела. 

ЕУ ја поддржува имплементацијата на современи пристапи кон управувањето со судовите, подобрен професионализам и надградени ИКТ решенија за подобрување на ефикасноста и ефективноста.

ЕУ обезбедува експертски насоки за зајакнување на правосудниот систем и подобрување на капацитетите на институции како што се Министерството за правда и Академијата за судии и јавни обвинители. 

ЕУ ја поддржува имплементацијата на поефикасен и подостапен систем за бесплатна правна помош.

Со фокусирање на овие области, ЕУ има за цел да ѝ помогне на С. Македонија да изгради помодерен, поефикасен, независен и достапен правосуден систем што го поддржува владеењето на правото и ги штити основните права. ЕУ дава препораки за правосудството во земјава со цел тоа да се унапреди.

Меѓутоа, поддршката, препораките и заложбите за унапредување од страна на Европската Унија не се однесуваат на самите пресуди и нивната содржина, туку за унапредување на системот, инфраструктурата, судиите, обуки, опремување на судиите, обуки итн.

Преку поглавјето „владеење на правото“ Европската Комисија постојано ги мониторира состојбите во правосудството со цел да укаже на состојбите и тоа каде има простор за подобрување. Во извештаите за напредок, на пример во тој за 2024 година нотирани се некои негативни аспекти. На страница 2 од извештајот пишува:

Нивото на перцепирана судска независност во Северна Македонија е многу ниско меѓу општата популација, а главната цитирана причина е перцепцијата за мешање или притисок од владата и политичарите. Нова стратегија за правда има за цел да ја подобри независноста, ефикасноста и професионализмот на судскиот систем и таа е усвоена. Северна Македонија презема серија судски реформи, препораките на Венецијанската комисија вклучително амандмани за законот за судиите, пишува во извештајот.

Според Законот за судовите, тие се самостојни и независни државни органи кои своите одлуки ги засноваат врз основа на Уставот. Судијата според истиот закон одлучува непристрасно со примена на законот врз основа на слободна оцена на доказите. Со законот се забранува секој облик на влијание врз независноста, непристрасноста и самостојноста на судијата во вршењето на судиската функција по кој било основ и од кој било субјект.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека „ЕУ не дозволува реформирање на судството во Северна Македонија“.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција