Не е точно дека ЕУ предлага да се тргне поезијата од образованието
Европската Унија не ги креира наставните програми во земјите, туку само им помага на земјите-членки, преку разни проекти и обуки, да го унапредат образованието во смисла на дигитална трансформација, обуки на наставниците како подобро да ја предадат содржината, како учениците да стекнат подобри вештини за полесно совладување на материјалот што го учат и слично
Европската Унија не ги креира наставните програми во земјите, туку само им помага на земјите-членки, преку разни проекти и обуки, да го унапредат образованието во смисла на дигитална трансформација, обуки на наставниците како подобро да ја предадат содржината, како учениците да стекнат подобри вештини за полесно совладување на материјалот што го учат и слично
Анализираме објава на социјалната мрежа Тредс во којашто пишува:
Поезијата е живот сон, уметност, морал, љубов, ЕУ предлага да се тргне поезијата од школството бидејќи зад сето тоа стои идентитет.
Не е точно дека Европската Унија предложила да се тргне поезијата од образованието. Такво нешто Вистиномер не успеа да најде никаде.
Ако навистина ЕУ предложила такво нешто, веста сигурно немаше да помине незабележана, ниту кај нас, ниту во медиумите во земјите-членки на Унијата.
Европската Унија ја поддржува и промовира поезијата, а доказ за тоа е најновиот проект кој стартуваше на крајот на јануари 2025 година, „Поезијата излегува надвор“. (“Poetry Goes Outside”).
Проектот официјално започна на 1 јануари 2025 година, а иницијативата, како што е објавено на веб- страницата на Европската комисија, е водена од посветен конзорциум од четири разновидни организации од цела Европа: „Солушн“ (Франција), „Грамиња АПС“ (Италија), „Фондација Парасол“ (Полска) и лидерот на проектот, „Дидеас“ (Шпанија).
Целта на проектот е едноставна, но влијателна: да ги поврзе младите генерации со нивното културно наследство преку навлегување во богатиот и безвременски свет на европската поезија. Преку оваа иницијатива сме мотивирани да негуваме ценење, разбирање и љубов кон поезијата, поттикнувајќи чувство на емоционална поврзаност, наведува Европската комисија.
Европската Унија не ги креира наставните програми во земјите, туку само им помага на земјите-членки, преку разни проекти и обуки, да го унапредат образованието во смисла на дигитална трансформација, обуки на наставниците како подобро да ја предадат содржината, како учениците да стекнат подобри вештини за полесно совладување на материјалот што го учат и слично.
Во септември 2020 година, Европската комисија ја изложи својата обновена визија за Европската образовна област и конкретните активности за нејзино постигнување до 2025 година.
Училиштата се фокусно подрачје за соработка за да се реализира Европскиот образовен простор, да се поддржи закрепнувањето на Европа од пандемијата ковид-19 и да се зајакне нејзината идна отпорност.
Како резултат на децении тесна соработка, веќе е постигнат значителен напредок. Сепак, европските земји сè уште се соочуваат со некои сериозни образовни предизвици, наведено е на веб страницата на Европската комисија.
Земјите од ЕУ ги поставија следните цели во врска со училишното образование за 2030 година:
- помалку од 15% од 15-годишниците да имаат ниски постигнувања во читање, математика и природни науки (основни вештини)
- помалку од 15% од осмоодделенците да имаат ниски постигнувања во компјутерска и информациска писменост
- помалку од 9% од учениците да го напуштат образованието и обуката рано
Никаде како цел не се спомнува да се исфрли поезијата од образованието, како што тоа го тврди објавата што ја анализираме.
Поезијата не е исфрлена ниту од македонското образование, а тоа може многу лесно да се провери на веб-страницата на Бирото за развој на образованието, каде што јавно се објавени сите наставни програми за основно и средно образование.
Од сето погоре оценуваме дека објавата што ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар