Не е точно дека Фејсбук почнува да наплаќа 4.99 долари месечно за да го користите
Наспроти изнесеното во објавата, социјалната мрежа Фејсбук останува бесплатна и никакво соопштение или известување не треба да се копира на профилите (како што моментално се случува кај повеќе корисници на сметки во Македонија) за да се „спасите“ од наплаќање 4.99 долари месечно. Оваа сума Фејсбук не ја наплаќа на корисниците. Постои опција во европскиот регион, некои корисници што сакаат да го користат Фејсбук без да им се појавуваат реклами да се претплатат на таа опција, но таа не е задолжителна. За останатите кои ги гледаат рекламите на оваа социјална мрежа, истата е бесплатна и не бара месечна претплата
Наспроти изнесеното во објавата, социјалната мрежа Фејсбук останува бесплатна и никакво соопштение или известување не треба да се копира на профилите (како што моментално се случува кај повеќе корисници на сметки во Македонија) за да се „спасите“ од наплаќање 4.99 долари месечно. Оваа сума Фејсбук не ја наплаќа на корисниците. Постои опција во европскиот регион, некои корисници што сакаат да го користат Фејсбук без да им се појавуваат реклами да се претплатат на таа опција, но таа не е задолжителна. За останатите кои ги гледаат рекламите на оваа социјална мрежа, истата е бесплатна и не бара месечна претплата
Рецензираме објави (линк, линк, линк, линк) на социјалната мрежа Фејсбук во кои пишува:
И јас се деактивирам!Значи тие го прават ова сега само ставете на вести на канал 4.Facebook ќе наплаќа на сите корисници почнувајќи од понеделник. Можеш да избереш да не го направиш тоа. Држете го прстот на оваа порака и копирајте ја. Ова го прави невозможно да се сподели.НЕ ДАВАМ дозвола на МЕТА (Фејсбук) да наплаќа 4,99 долари месечно на мојата сметка, исто така; сите мои слики се мој имот, а не МЕТА (ФБ)!!И НАЈГОЛЕМА ПРИЧИНА ЗА СЕ ОВА Е ШТО ДОБИВАМ ПОВЕЌЕ ПРОДАЖНИ РЕКЛАМИ (РЕКЛАМИ) ОД ОБЈАВИТЕ ОД МОИТЕ ФБ ПРИЈАТЕЛИ.Сите членови треба да објават ваква белешка. Ако барем еднаш не објавите изјава, технички им е дозволено да ги користат вашите фотографии, како и информациите во ажурирањето на статусот на вашиот профил.НЕ ДАВАМ ФЕЈСБУК ДОЗВОЛА ДА КОРИСТИ БИЛО КОЈ ОД МОИТЕ ЛИЧНИ ОБЈАВИ.Затоа копирајте и залепете, не споделувајте затоа што не можете.Одете на вашата страница каде што пишува „Што ви е на ум.Притиснете го прстот каде било во празно поле. Кликни и залепи.Ова е ажурирање на системот!Нека се најде.
Користењето Фејсбук, нема да ве чини пари. Во Европскиот регион, може да се претплатите за да го користите нашиот производ без реклами, или пак можете да го користите бесплатно со реклами. Ги обновивме нашите услови и политики за приватност за да ги внесеме овие опции. Не наплаќаме за да го користите Фејсбук, туку им наплаќаме на огласувачите за да огласат реклами на Мета компани продуктс. Ова ни помага да го направиме Фејсбук достапен за секого без да наплаќаме на корисниците за нивниот пристап до Фејсбук, пишува самиот Фејсбук во објаснувањата за своите политики за користење.
Кога ќе објавите нешто на Фејсбук, вие продолжувате да ги имате правата на интелектуална сопственост за која било содржина што ќе ја креирате или споделите вклучително и врз фотографиите. Но, со согласувањето на условите за користење и креирањето на Фејсбук профил ѝ давате на компанијата лиценца да го користи она што го споделувате на одредени специфицирани начини, зависно од вашата сетирана приватност.
Во таа смисла, ако споделите фотографија на Фејсбук, со тоа му давате на Фејсбук дозвола да ја копира и да ја сподели со други. Ова секогаш е во склад со тоа што сте го подесиле во вашите подесувања за приватност. Ако ја избришете содржината, автоматски ја укинувате и дозволата што сте му ја дале на Фејсбук да ја копира содржината и да ја споделува со други.
И покрај тоа што корисниците имаат права врз своите содржини, сепак, со пристапувањето на мрежата тие на Фејсбук му даваат одобрение да прави некои работи со тие содржини и на тоа се имаат согласено при креирањето на профилот.
Кога споделувате, постирате или објавувате содржина која е покриена со правата на интелектуална сопственост ни давате неексклузивна, пренослива, слободна од ројалти и светска лиценца да ги хостираме, користиме, дистрибуираме, модифицираме, копираме, јавно да ги објавуваме, преведуваме и да креираме изведени работи од вашата содржина (конзистентно со вашите опции сетирани за приватност), пишува во правилата за користење.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар