Не е точно дека глобалистичките медиуми не известуваат за протестите против апсењето на Мадуро
Форбс на 6 јануари на Јутјуб објавил видео од протести во Лондон. За протестите во Лондон и Лисабон информира и Асошиејтед прес. Еј-би-си јави за протести во Чикаго. Си-би-ес њуз јави дека демонстранти во Атина го запалиле американското знаме
Не е точно дека „глобалистичките медиуми и мрежи“ не известуваат за протестите против американската воена интервенција во Венецуела во која беше уапсен венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Форбс на 6 јануари на Јутјуб објавил видео од протести во Лондон. За протестите во Лондон и Лисабон информира и Асошиејтед прес. Еј-би-си јави за протести во Чикаго. Си-би-ес њуз јави дека демонстранти во Атина го запалиле американското знаме
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Ова го кријат глобалистичките медиуми и мрежи
Активисти излегоа на улиците низ целиот свет по нападот на САД врз Венецуела и киднапирањето на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга
Од Атина, Париз, Берлин и Лондон до Сиднеј и Њујорк, стотици протестираа – палејќи американски знамиња.
Не е точно дека „глобалистичките медиуми и мрежи“ не известуваат за протестите против американската воена интервенција во Венецуела, во која беше уапсен венецуелскиот претседател Николас Мадуро, како што тоа го тврди објавата.
Тоа многу лесно може да се провери доколку се отворат каналите на светските медиуми на социјалните мрежи.
Форбс на 6 јануари на Јутјуб објавил видео од протести во Лондон.
Демонстрантите се собраа во Лондон за да протестираат против американската интервенција во Венецуела, стои во описот на видеото.
За протестите во Лондон и Лисабон информира и Асошиејтед прес:
Демонстрантите во Лондон и Лисабон, Португалија, се собраа на ниски температури за да протестираат против воената операција на САД во Венецуела.
Еј-би-си јави за протести во Чикаго:
Повеќе демонстрации се планирани низ областа на Чикаго во недела по нападите на американската војска во Венецуела и заробувањето на претседателот на јужноамериканската земја, Николас Мадуро.
Си-би-ес њуз јави дека демонстранти во Атина го запалиле американското знаме:
Демонстрантите запалија американско знаме пред американската амбасада во Атина, Грција, по апсењето на Николас Мадуро и нападот врз главниот град на Венецуела. Демонстрантите вееја венецуелски и палестински знамиња пред амбасадата и беа пречекани од полиција во опрема за немири.
За истиот протест и палењето на американското знаме во Атина, информира и Си-ен-ен.
Поради сите гореизнесени факти, оценуваме дека објавата која ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар