Не е точно дека ХААРП влијае врз климата
Поради вградени нови технологии, САД ги употребуваат високофреквентни антени и во комуникациите и во особено длабоките делови од морињата или земјата. Но, не е точно тврдењето дека овие антени можат да влијаат врз промените на климата, дека предизвикуваат земјотреси и слично.
Поради вградени нови технологии, САД ги употребуваат високофреквентни антени и во комуникациите и во особено длабоките делови од морињата или земјата. Но, не е точно тврдењето дека овие антени можат да влијаат врз промените на климата, дека предизвикуваат земјотреси и слично. Самите научници го демантираат тврдењето дека со ХААРП се контролира климата
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Претераа со харпот.
Објавата споделува и фотографија од временска прогноза за Витовље, Босна и Херцеговина, во која се најавува невреме, со што сугерира дека ХААРП влијае на климата.
ХААРП е високофреквентна активна истражувачка програма на поларната светлина, кој е заеднички проект од различни партнери: индустријата, американското министерство за одбрана и бројни универзитети ширум САД. Научниците направија лабораторија во Гакони, Аљаска, и инсталираа 180 високофреквентни антени, кои заедно можат да емитираат 3.600 киловати радиобранови на фреквенциите од 2.8 до 10 мегахерци (високфреквентен ранг), што им овозможува на особено чувствителните инструменти да ги измерат физичките процеси кои се одвиваат во тој појас.
Работата на истражувачкиот објект беше префрлена од Воздухопловните сили на САД на Универзитетот во Алјаска, Фербенкс, на 11 август 2015 г., дозволувајќи му на ХААРП да продолжи со истражување на јоносферската феноменологија преку договор за соработка за истражување и развој за користење на земјиштето.
Поради вградени нови технологии, САД овие антени ги употребуваат и во комуникациите и во особено длабоките делови од морињата или земјата. Но, не е точно тврдењето дека овие антени можат да влијаат врз промените на климата, дека предизвикуваат земјотреси, итн.
Самите научници го демантираат тврдењето дека со ХААРП се контролира климата. На сајтот на ХААРП поради бројните дезинформации и теории на заговор, чија мета е програмата, објавени се одговори на често поставувани прашања меѓу кои и тоа дали ХААРП може да го манипулира времето. Одговорот е негативен.
Не. Радиобрановите во фреквенцискиот опсег во кој трансмитира ХААРП, не се апсорбирани ниту во тропосферата ниту во стратосферата кои се двете нивоа на атмосферата кои ги произведуваат временските прилики. Бидејќи нема интеракција, нема шанса ниту да се контролира времето со ХААРП. Тоа е голем радиотрансмитер. Радиобрановите имаат интеракција со електрични полнења и струи и немаат значителна интеракција со тропосферата. Исто така, ни јоносферските бури кои се предизвикани од сонцето не влијаат на временските услови на Земјата. Па така, не влијае ни ХААРП, пишува на сајтот.
Само САД има ХААРП и не го користат за манипулација со временските прилики.
Вистиномер веќе има пишувано за тоа дека климата навистина е променета и јаглерод диоксидот има удел во тоа. Проверувачите на факти на ААП, го прашале професорот Брус Вард, јоносферски истражувач на Универзитетот на Аделаид дали има можност ХААРП да влијае врз времето?
Категорично не, изјавил тој.
ХААРП објектот има отворен ден каде може да го посетат посетители кои се заинтересирани и да дознаат повеќе за самиот проект.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар