Не е точно дека Илон Маск загинал во сообраќајка

Фото: Илон Маск, 30.05.2025 The White House, Public domain, via Wikimedia Commons

Маск нема починато во сообраќајна несреќа и настанот е комплетно фабрикуван со цел да се привлече вниманието и да се произведе што поголем проток на сообраќај на линкот.

Маск нема починато во сообраќајна несреќа и настанот е комплетно фабрикуван со цел да се привлече вниманието и да се произведе што поголем проток на сообраќај на линкот

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Трагедија: Во собраќајна несреќа загина најбогатиот човек Елон Маск – Почивај во мир – повеќе на линкот во коментар.
Во склоп на објавата има фотографија од Илон Маск, а во склоп на коментарите оставен е линк за кој се најавува дека води до вест од „информацијата“. Станува збор за целосна невистина. Маск нема починато во сообраќајна несреќа и настанот е комплетно фабрикуван со цел да се привлече вниманието и да се произведе што поголем проток на сообраќај на линкот.
Дополнително, кога ќе се пристапи на линкот тој неколку пати се пренасочува и води до страница со експлицитна содржина. Невистинитиот кликбејт наслов е објавен на 30 декември, датум кога реномираниот „Гардијан“ има објавено текст за Маск, кој се однесува на периодот кога тој беше на чело на одделот за поголема владина ефикасност во САД (DOGE – Department of Government Efficiency).
И во 2023 година проверувачите на факти на „Политифакт“ дебанкираа лажни тврдења за „смрт на Маск“. На 19 септември годинава на англиските говорни подрачја, се прошири слична дезинформација дека Маск загинал во сообраќајна несреќа, во моменти кога тој имаше јавни настапи на телевизија.
Станува збор за кликбејт дезинформации за „смртта на Илон Маск“. Тоа се лажни или манипулативни „вести“ што се шират онлајн за да привлечат кликови, прегледи или да донесат заработка од реклами. Такви тврдења се појавуваат периодично, но не се точни.
Начинот на кој се прикажани е секогаш поврзан со сензационални наслови во комбинација со стари фотографии, генерирани слики или видеа без контекст. Текстот често е нејасен, без датум, без извор или со линкови до сомнителни страници. Насловот тврди едно, а текстот зборува за нешто сосема друго (класичен кликбејт). 

Причините поради кои проминентни личности се злоупотребуваат на ваков начин е за заработка од реклами по клик, поголем сообраќај на веб-страници, автоматизирани мрежи и ботови на социјалните мрежи и за манипулирање со емоции (шок, страв и љубопитност).

Самиот факт што кога ќе се провери написот дали го има на реномирани медиуми, и кога ќе се дојде до заклучокот дека веста ја нема никаде на светските медиуми, е доволен показател дека се работи за измислица. Кога ќе се погледне линкот (URL-то), тоа често е чудно или имитира познати медиуми, а во конкретниот случај од објавата што ја рецензираме се менува повеќе пати и води до страница за експлицитни содржини. Ваквите објави не треба да се споделуваат и може да се пријават како лажна вест на социјалната мрежа Фејсбук.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција