Не е точно дека имало план до 2030 година да останат живи само 500 милиони луѓе

Фото: pixabay.com

Според проекциите на Обединетите нации популацијата во светот ќе расте,  до 2030 година светската популација би можела да порасне на 8.6 милијарди. Тврдењето во постот дека постои план до 2030 година да останат живи само 500 милиони луѓе во светот, не е точно и не оди на иста линија со научните проекции. Со правот од штурец, пак, што ќе биде инкорпориран во производите на една компанија од Виетнам, дури и кога некој би сакал да убива, не би можел со оглед на тоа што тие консументи кои не сакаат, едноставно не би ги купувале тие производи. Дополнително, ЕУ не би дозволила да се произведува прав од штурец кој би бил животозагрозувачки за своите граѓани. Во самите документи од Европската комисија се вели дека научните мислења се дека производот е безбеден

Според проекциите на Обединетите нации популацијата во светот ќе расте, при што до 2030 година светската популација би можела да порасне на 8.6 милијарди. Тврдењето во постот дека постои план до 2030 година да останат живи само 500 милиони луѓе во светот, не е точно и не оди на иста линија со научните проекции. Со правот од штурец, пак, што ќе биде инкорпориран во производите на една компанија од Виетнам, дури и кога некој би сакал да убива, не би можел со оглед на тоа што тие консументи кои не сакаат, едноставно не би ги купувале тие производи. Дополнително, ЕУ не би дозволила да се произведува прав од штурец кој би бил животозагрозувачки за своите граѓани. Во самите документи од Европската комисија се вели дека научните мислења се дека производот е безбеден

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Тровењето и убивањето на луѓето се појачува, затоа што до 2030 планот е да останат живи само 500 милиони луѓе.
Мелен штурец на менито.
Потоа се споделува линк до регулатива на Европската Комисија со која од 3 јануари 2023 година на пазарот се одобрува употребата  на прав од акета доместикус (домашен штурец) како нова храна.

Според документот објавен на линкот на 24 јули 2019 година компанијата Крикет Оне Ко (апликантот) аплицирала во Европската Комисија за авторизација на овој прав на пазарот во ЕУ како нова храна. Правот е од домашен штурец со намера да се користи во целозрнести лебови крекери и лепчиња, во житни барови, суви миксови за печење, бисквити, производи од паста со и без полнење, сосови, процесирани производи од компири, пица, супи и концентрати за супа, пијалаци слични на пиво, во чоколадо и други производи наменети за широката популација.

На 23 март 2022 година Европската комисија усвои научно мислење за безбедноста на овој прав. Во научното мислење, се вели дека правот од домашен штурец е безбеден ако се користи под пропишаните услови и ако се користи во нивоата и количините кои се пропишани.

Затоа, научното мислење дава доволна база за да се заклучи дека правот од домашен штурец кога се користи во полнозрнест леб, житни барови, миксови за печење, бисквити, паста, сосови, процесирани производи од компири, пица, концентрати за супа, пијалаци слични на пиво, чоколади итн, ги исполнува условите за неговото пласирање на пазарот во согласност со европските регулативи, пишува во документот.

Дополнително, во наредните 5 години, само еден производител ќе има ексклузивно право да го користи овој прав во своите производи, и ниеден друг. Такво ексклузивно право е исто така наведено.

Фирмата што аплицирала за да го користи прашакот од домашен штурец на европскиот пазар во своите производи се вика Крикет Оне, и е производител на протеини од штурци и инсекти што се јадат, со канцеларија во Виетнам. Фирмата е основана во 2017 година.

Во 2020 година основачот на фирмата Беки Нгајен за виетнамските медиуми објаснува дека фирмата сака да ги промовира штурците како достапна храна за широките маси и дека се суперхрана со многу протеини, калциум, дека ги содржи сите есенцијални аминокиселини, витамини Б 12 и омега 3 и омега 6 масни киселини. Во написот се вели дека иако на почетокот е непривлечно, всушност, добар дел од луѓето во светот јадат инсекти секој ден, но не и на Западот.

Прво сакаме да објасниме дека не се обидуваме да продаваме цели штурци. Правиме прав и со него можете да правите што сакате. Презентираме нешто што нема да ја афектира визијата или имагинацијата. Работиме со брендови да развиеме крајни производи од правта. Нема да видите некој да ви става цел штурец во чинијата, вели Беки за Хајвлајф.

Според соопштение на Обединетите нации, до 2030 година светската популација би можела да порасне на 8.6 милијарди, до 2050 година на 9.8 милијарди, а до 2100 година на 11.2 милијарди. Тврдењето во постот дека постои план до 2030 година да останат живи само 500 милиони луѓе во светот, не е точно и не оди на иста линија со научните проекции. Со правот од штурец, пак, што ќе биде инкорпориран во производите на една компанија од Виетнам, дури и кога некој би сакал да убива, не би можел со оглед на тоа што тие консументи кои не сакаат, едноставно не би ги купувале тие производи. Дополнително, ЕУ не би дозволила да се произведува прав од штурец кој би бил животозагрозувачки за своите граѓани. Во самите документи од Европската комисија се вели дека научните мислења се дека производот е безбеден

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека до 2030 година се планира живи да останат само 500 милиони луѓе, па затоа се инкорпорира прав од штурец во исхраната. До 2030 година проекциите на Обединетите Нации се дека популацијата во светот ќе расте.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција