Не е точно дека израелската влада избегала од земјата
Во конкретниот случај, медиумот „Тајмс оф Израел“ објави целосен говор од премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху еден ден по наводното „бегство“ што се споменува во објавата што ја рецензираме. Вакви тврдења (дека цела влада избегала) инстантно би биле глобална вест и би биле потврдени од повеќе независни извори, што не е случај.
Во конкретниот случај, медиумот „Тајмс оф Израел“ објави целосен говор од премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху еден ден по наводното „бегство“ што се споменува во објавата што ја рецензираме. Се работи за говор на Нетанјаху што потврдува дека тој не е избеган, бидејќи истиот е емитуван со телевизиски пренос во живо. Вакви тврдења дека цела влада избегала инстантно би биле глобална вест и би биле потврдени од повеќе независни извори, што не е случај
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
15 авиони го напуштија Тел Авив во текот на изминатите 30 минути. Израелската влада избега. Нешто големо се случува.
Објавата е од 7 април 2026 година и се повикува на пост на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) од Итан Левинс кој се претставува како независен новинар. „Вистиномер“ пребарувајќи ја неговата историја пронајде дека во март годинава објавил невистина дека наводно премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху починал, што се испостави дека не е точно. Нема веродостојни извештаи кои потврдуваат дека израелската влада избегала од земјата како што се тврди во објавата. Претходните тврдења за бегството на Нетанјаху беа отфрлени како измислени, дури и кога податоците од летот покажаа дека владини авиони се во движење.
Во конкретниот случај, медиумот „Тајмс оф Израел“ објави целосен говор од премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху еден ден по наводното „бегство“ што се споменува во објавата што ја рецензираме. Се работи за говор на Нетанјаху што потврдува дека тој не е избеган, бидејќи истиот е емитуван со телевизиски пренос во живо.
Дополнително, во врска со снимката од наводното „масовно“ полетување на авиони од аеродром во Израел, како што се тврди во објавата (наводно 15 авиони полетале во краток рок), „Вистиномер“ со пребарување на релевантните светски извори и медиуми утврди дека нема веродостојни, потврдени информации дека „15 авиони го напуштиле Израел“ или дека израелската влада избегала. Големи настани поврзани со Израел, особено нешто толку сериозно како евакуација на владата, ултимативно би биле објавени од светските медиуми и потврдени од повеќе официјални извори. Во моментов, нема такви извештаи.
Вакви тврдења дека цела израелска влада избегала од земјата инстантно би станале глобална вест и би биле потврдени од повеќе независни извори, што не е случај.
Дополнително, на 8 април 2026 година, еден ден по објавата што ја рецензираме, медиумот „Тајмс оф Израел“ информираше дека аеродромот „Бен Гурион“ целосно ќе се отвори бидејќи Израел ги укинува ограничувањата за летови по прекинот на огнот.
Министерството за транспорт објави дека Израел целосно ќе го отвори воздушниот простор на земјата и ќе ги продолжи редовните операции на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив почнувајќи од полноќ во среда кон четврток, приближно еден ден откако беше објавено примирје меѓу САД, Израел и Иран. Министерството за транспорт соопшти дека е издадено официјално соопштение до странските авиокомпании и водечките регулатори во врска со враќањето во нормала на летовите на аеродромот „Бен Гурион“. Израелскиот воздушен простор е затворен за странски авиокомпании од почетокот на нападите со Иран на 28 февруари, пишува во текстот.
Воздушниот простор на Израел беше затворен за сообраќај за поголемиот дел од странските авиокомпании од почетокот на војната на 28 февруари. Но, таквата ситуација се менува и авиосообраќајот според соопштението од Министерството за транспорт се очекува да се нормализира.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар