Не е точно дека израелските спасувачи ваделе органи од преживеани во Колумбија

Урнатини од зграда во Переира, Колумбија по земјотресот од 10 август. Фото: World Central Kitchen, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Објавата не нуди никакви докази за тврдењето дека доброволците од Израел ваделе органи од живи луѓе во Колумбија, ниту пак, за тоа се известува во некој меѓународен или полициски орган. Такви случаи не се документирани, станува збор за гласина.

Објавата не нуди никакви докази за тврдењето дека доброволците од Израел ваделе органи од живи луѓе во Колумбија, ниту пак, за тоа се известува во некој меѓународен или полициски орган. Такви случаи не се документирани, станува збор за гласина. Оваа гласина е модерна варијација на неоснована теорија на заговор која често ги таргетира меѓународните работници за помош при катастрофи

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Израелските доброволци во Колумбиja дошле не да спасат луѓе туку за собирање на органи од преживеани.
Наспроти наведеното во објавата делегацијата од „Алијанса на браќата“ заедно со локални и меѓународни тимови за спасување во Колумбија, не дошле да собираат органи од преживеани, туку да спасуваат луѓе. Според прелиминарните податоци 289 лица загинале во земјотресот со јачина од 7,4 степени, според Рихтеровата скала. Сè уште се извлекуваат тела од урнатините. Израелски спасувачки тим извести дека пронашол три тела во градот Кали. Според претседателот Абелардо де ла Есприеља, повредени се повеќе од 4.000 луѓе, додека 143 лица сè уште се водат како исчезнати.
Делегација од „Алијансата на браќата“ заедно со локални и меѓународни тимови за пребарување и спасување во Колумбија, продолжува да оперира на повеќе места погодени од катастрофата во Кали. Досега, како што известуваат израелските медиуми, тие имаат спасено 17 исчезнати лица и продолжуваат да работат на лоцирање и спасување на други.

Една недела после земјотресот, операциите се префрлени во фазата на опоравување. Како дел од оваа фаза, заедно со континуираниот напор за лоцирање исчезнати лица, се зголемуваат и напорите да се пристапи до руинираните згради. Израел е една од четирите земји, покрај САД, Еквадор и Ел Салвадор од кои колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприеља побара да испратат тим за пребарување и спасување. Делегацијата од 80 члена вклучува претставници од ИДФ, Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи.

Освен спасувачката мисија, помагаат и израелски инженери.

Повеќе од 24 часа по почетокот на израелската спасувачка мисија во Колумбија, израелски инженери работат заедно со колумбиските тимови во Универзитетската болница „Дел Вале“ во Кали, каде што во земјотресот беше оштетено цело едно крило. Тимовите даваат стручни совети за тоа како да се санира оштетената конструкција, а притоа да се овозможи непречено функционирање на една од главните болници во регионот. Амбасадорот Алон Лави, портпарол на израелската спасувачка делегација, изјави: „Израел е тука за да ѝ пружи поддршка на Колумбија во овие клучни и многу тешки моменти“, објави израелското Министерство за надворешни работи.

Си Ен Ен и други медиуми известуваа од терен за земјотресот – објавени се приказни за конкретни ситуации, во кои новинарите забележаа како спасувачи и волонтери формираат човечки синџир за да помогнат во спасувањето на заробените во Переира. Имаше објавено и драматична снимка од Кали што  го прикажува спасувањето на бебе од под урнатините. 

Објавата што ја рецензираме не нуди никакви докази за тврдењето дека доброволците од Израел ваделе органи од живи луѓе во Колумбија, ниту пак, за тоа се известува во некој меѓународен или полициски орган, ниту орган на прогонот – не се документирани такви случаи. Станува збор за гласина.

Оваа гласина е модерна варијација на неоснована теорија на заговор која често ги таргетира меѓународните работници за помош при катастрофи.

Гласините за вадење органи често кружат на социјалните мрежи за време на големи хуманитарни кризи. Тие лажно ги обвинуваат странските медицински и спасувачки тимови дека ги искористуваат жртвите од катастрофите. Овие тврдења се целосно непотврдени и за нив не постои никаква форензичка или правна документација од колумбиските власти, меѓународните набљудувачи или независните новинари на терен.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција