Не е точно дека Камала Харис била маж
Потпретседателката на САД Камала Харис нема никаква врска со раперот Шон Диди. На фотографијата од објавата Харис е во придружба на водителот Монтел Вилијамс, со кого била во кратка врска. Таа не била маж па сега преправена во жена, како што се обидува објавата да го прикаже тоа. Наративот дека Харис била претходно маж е стар речиси четири години и истиот има за цел да ја дискредитира
Потпретседателката на САД Камала Харис нема никаква врска со раперот Шон Диди. На фотографијата од објавата Харис е во придружба на водителот Монтел Вилијамс, со кого била во кратка врска. Таа не била маж па сега преправена во жена, како што се обидува објавата да го прикаже тоа. Наративот дека Харис била претходно маж е стар речиси четири години и истиот има за цел да ја дискредитира
Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека потпретседателката на САД, Камала Харис била маж и ја поврзува со раперот Шон Диди Комбс.
DALI KEMAL HARIS SE PALI NA DIDI PI ????? ILI SLUKJAJNO PA**AKOT MU SE VOSBUDIL ILI????, стои во објавата.
Објавата споделува и две фотографии. На едната наводно се гледа Камала Харис како маж, а на втората таа наводно е во друштво со Диди Комбс.
Но, тврдењата изнесени во објавата се невистинити.
Наративот дека Камала Харис е маж, познат како наративот „Кемал Ароуш“, како што пишува Ројтерс, се шири на интернет најмалку од 2020 година. Тој потекнува од кампањата QAnon, според извештајот од 2021 година на Вилсон центарот, која ги таргетираа жените-политичарки на социјалните мрежи.
Во извештајот се вели дека во 2020 година, уредените верзии на вистинските фотографии на Харис биле споделени со наративот „Кемал Ароуш“ (страница 19). Нина Јанкович, која ја водела студијата, во изјава за Ројтерс рекла дека рециклираната измама е меѓу другите што повторно се појавиле откако американскиот претседател Џо Бајден ја поддржал Харис за претседателски кандидат на демократите.
Измамата „Кемал Ароуш“ е спомната и во извештајот од август 2024 година, (страница 14) од Baltic Engagement Center for Combating Information Disorders, во кој е објаснето како жените-политичарки во САД и другите земји станале жртви на родова дезинформација.
На социјалните мрежи, за време на претседателската кампања во САД, како што наведува Ројтерс, биле споделени објави на кои се појавувал републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп како објавува за наративот „Кемал Ароуш“ на Truth Social.
Фотографијата од објавите ја прикажува Харис од 2017 година, заедно со изменетата слика и текст во кој се вели дека Харис е маж.
Сепак, нема докази дека објавата покажува автентична фотографија од објава на Трамп. Прегледот на сметката @realDonaldTrump, на Truth Social, не покажува никаква евиденција за споделување на ваква објава.
Инаку, Камала Харис е родена во Оукленд, Калифорнија. Нејзиниот сертификат од раѓање, покажува дека таа е родена како жена.
Што се однесува, пак, до поврзувањето на Камала Харис со раперот Шон Диди Комбс, Вистиномер веќе има пишувано за овој наратив кој не е нов и има утврдено дека истиот е лажен.
Јас и Камала Харис кратко бевме во врска пред околу 20 години кога двајцата бевме слободни. Па што? Имам огромна почит за сенаторката Харис. Се прашувам дали истите приказни за нејзината историја на партнери би била споделувана ако таа беше кандидат маж, напиша тој на Твитер во 2019 година.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар