Не е точно дека Камала Харис ја лажирала својата вакцинација против ковид-19

Камала Харис прими вакцина против ковид-19 на 29 декември 2020 година, на телевизија во живо во обид да ја зајакне довербата на јавноста во имунизацијата. Таа ја прими вакцината на Модерна. За вакцинација на Харис, користен е шприц со заштитно капаче

Камала Харис прими вакцина против ковид-19 на 29 декември 2020 година, на телевизија во живо во обид да ја зајакне довербата на јавноста во имунизацијата. Таа ја прими вакцината на Модерна. За вакцинација на Харис, користен е шприц со заштитно капаче

 

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која споделува видео во кое се гледа како поранешната потпретседателката на САД Камала Харис прима вакцина против ковид-19, тврдејќи дека тоа било лага.

Камала, патологија на лажењето! Во стилот на Филипче! Гледајте ја раката на докторката околу 28 секунда кога ја исправа искривената игла … бљак а го фативме лидерот како лажеше дека ја вакцинира внуката и тоа ви помина … е па плачете да ве нема, пла че те!, стои во објавата.

Камала Харис прими вакцина против ковид-19 на 29 декември 2020 година, на телевизија во живо во обид да ја зајакне довербата на јавноста во имунизацијата. Таа ја прими вакцината на „Модерна“.

Снимката од овој момент може да се види и на Ројтерс и на C-SPAN.

Неколку фотографии од Getty Images јасно ја покажуваат иглата во раката на Харис овдеовде и овде.

Како што пишува сервисот за проверка на факти на Ројтерс, нема докази дека Камала Харис ја лажирала својата вакцинација против ковид-19.

За вакцинација на Харис, користен е шприц со заштитно капаче, пишува во својата проверка на факти ДПА.

Капачето се превртува настрана непосредно пред инјектирањето. Ваквиот начин на отворањето и затворањето на шприцот нуди подобра заштита за медицинскиот персонал, кој го спроведува вакцинирањето, отколку другите видови шприцови каде капачето се вади и се става рачно, со што се воведува ризик од боцнување при невнимание.

За овие шприцови со заштитно капаче Вистиномер веќе има пишувано. Тие се користат како сигурносни мерки за да се заштитат медицинските работници случајно да не се боцнат од иглите кои може да бидат инфицирани со болести како хепатитис и ХИВ.

Што се однесува до тврдењето дека поранешниот министер за здравство и актуелен лидер на СДСМ Венко Филипче, лажно ја вакцинирал внуката, тоа е стара дезинформација која одамна е дебанкирана. Наводниот скандал со признанието на министерот Филипче дека глумеле вакцинирање на внуката со МРП-вакцина во два наврати било дебанкирано на crithink.mk уште на почетокот на 2019 година.

Од сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција