Не е точно дека Камала Харис лажно се вакцинирала против ковид-19
Камала Харис прими вакцина против ковид-19 на 29 декември 2020 година на телевизија во живо во обид да ја зајакне довербата на јавноста во имунизацијата. Таа ја прими вакцината на Модерна. Снимката од овој момент може да се види и на Ројтерс и на C-SPAN. За вакцинација на Харис, користен е шприц со заштитно капаче, пишува во својата проверка на факти ДПА. Капачето се превртува настрана непосредно пред инјектирањето
Камала Харис прими вакцина против ковид-19 на 29 декември 2020 година на телевизија во живо во обид да ја зајакне довербата на јавноста во имунизацијата. Таа ја прими вакцината на Модерна. Снимката од овој момент може да се види и на Ројтерс и на C-SPAN. За вакцинација на Харис, користен е шприц со заштитно капаче, пишува во својата проверка на факти ДПА. Капачето се превртува настрана непосредно пред инјектирањето
Објава на Фејсбук споделува видео во кое се тврди дека вакцинацијата против ковид-19 на потпретседателката на САД и актуелна демократска кандидатка за претседател, Камала Харис била лажирана.
Добар ден на сите. Ова е кандидатот за претседател на САД, Камала Харис. Ова беше лажното вакцинирање со Ковид вакцина, 2020. Следете ја иглата од шприцот. Сите политичари го направија истото.
Во видеото, кое датира од 2020 година, се гледа како Харис прима вакцина против ковид и во еден дел од видеото има зумиран кадар во кој може да се види како сестрата која ја боцка Харис, го активира заштитното капаче на иглата. Токму овој момент, теоретичарите на заговор го искористиле за да шират дезинформации дека американската потпретседателка лажно се вакцинирала.
Камала Харис прими вакцина против ковид-19 на 29 декември 2020 година на телевизија во живо во обид да ја зајакне довербата на јавноста во имунизацијата. Таа ја прими вакцината на Модерна.
Снимката од овој момент може да се види и на Ројтерс и на C-SPAN.
Фотографии на Ројтерс на кои се гледа како Харис ја прима вакцината може да се видат овде.
Неколку фотографии од Getty Images јасно ја покажуваат иглата во раката на Харис овде, овде и овде.
Како што пишува сервисот за проверка на факти на Ројтерс, нема докази дека Камала Харис ја лажирала својата вакцинација против ковид-19.
За вакцинација на Харис, користен е шприц со заштитно капаче, пишува во својата проверка на факти ДПА.
Капачето се превртува настрана непосредно пред инјектирањето. Ваквиот начин на отворањето и затворањето на шприцот нуди подобра заштита за медицинскиот пероснал, кој го спроведува вакцинирањето, отколку другите видови шприцови каде капачето се вади и се става рачно, со што се воведува ризик од боцнување при невнимание.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е неточна.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар