Не е точно дека ковид вакцините се забранети ширум светот

Фото: Image by Arek Socha from Pixabay

Точно е дека ширум светот се шират дезинформации дека вакцината е забранета во повеќе држави, во склоп на антивакциналната кампања која е дебанкирана. Њујорк Тајмс редовно објавува податоци за досега администрираните дози ширум светот по држави и евидентно е дека вакцината против ковид-19 се дава насекаде во светот

 

Точно е дека ширум светот се шират дезинформации дека вакцината е забранета во повеќе држави, во склоп на антивакциналната кампања која е дебанкирана. Њујорк Тајмс редовно објавува податоци за досега администрираните дози ширум светот, по држави и евидентно е дека вакцината против ковид-19 се дава насекаде

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Луѓе не дозволувајте да ве убиваат! Боцките за ковид се забранети ширум светот! Под слоганот ,,заедно заштитени, вакцините делуваат” караванот ќе пренесува до локалните заедници информации за редовните вакцини за деца, за вакцините против сезонски грип и за вакцините против ковид 19 и ќе овозможи антиковид вакцинација на самото место.

Во состав на постот споделен е медиумски напис објавен на 19.10.2022 година, во кој се информира дека на 24 локации низ земјава ќе почне караван за информирање на заедниците за корисноста на вакцинирањето кое ќе трае до 26 октомври годинава. Караванот е организиран од Министерството за здравство со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД, УНИЦЕФ и од Светската здравствена организација.

Во текстот се информира дека поради ковид пандемијата, во Република Северна Македонија намален е бројот на редовно вакцинирани деца со другите вакцини од редовниот календар за имунизација. На пример, процентот на деца кои ја примиле втората доза против сипаници опаднал од 93.4 отсто во 2019 година на 68,5 отсто во 2020 година, со покачување на 80,4 отсто во 2021 година. Во состав на караванот за информирање на Министерството за здравство, се вели и дека ќе се споделат информации за вакцинацијата против сезонски грип и дека повторно ќе се истакне потребата од вакцинирање против ковид-19, бидејќи 46,7 отсто од вкупното население во земјава е вакцинирано со две дози, а само 8,9 отсто со трета доза.

Со караванот ќе патуваат и тимови за имунизација, кои ќе овозможат вакцинација против ковид-19 на самото место. За време на настаните ќе има и услуги за мерење крвен притисок, во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Во медиумскиот извештај наведени се и локациите и времето на посета од караванот.

Во постот што го рецензираме пак, изнесено е невистинито тврдење, дека вакцините против ковид-19 се забранети ширум светот. Ова тврдење се изнесува во контекст на уште еден невистинит наратив – „не дозволувајте да ве убиваат!”.

Не е вистина дека вакцините се забранети ширум светот. Во Европската Унија има конкретни прецизни процедури за тоа како вакцините против ковид-19 се одобруваат, дистрибуираат, проверуваат и администрираат. Откако добија позитивно мислење од Европската агенција за лекови ЕМА, за нивната безбедност, квалитет и ефикасност, дозвола за вакцини против ковид-19 во Европа им е дадена на шест вакцини, меѓу кои на Фајзер, Модерна, Астра Зенека, Џенсен, Новавакс и Валнева. Листата на дозволени вакцини во ЕУ може да се види на овој линк, под ставката „кои вакцини сега се авторизирани”.

На страницата се наведува дека безбедноста е основен критериум за било која вакцина да се најде на пазарот во ЕУ. Пред да биде достапна за администрирање, било која вакцина против ковид-19 треба да ги исполни ригорозните барања на Европската aгенција за лекови со цел да добие одобрение за користење. Овие барања на ЕМА не се разликуваат воопшто од тие за било која друга вакцина произведена и користена во ЕУ. Европската агенција за лекови постојано ги мониторира извештаите за несакани ефекти откако вакцината е пуштена во промет и регуларно објавува безбедносни извештаи.

Во САД вакцинацијата против ковид-19 е препорачана за сите, вклучително и за бебиња постари од 6 месеци, како и за бремени жени и доилки. Точно е дека ширум светот се шират дезинформации дека вакцината е забранета во повеќе држави, во склоп на антивакциналната кампања која е дебанкирана. Така, лажно е тврдењето дека во Англија вакцината против ковид-19 била забранета за бремени жени и за деца под пет години. Британската влада ги советува бремените жени да се вакцинираат, а децата помали од 5 години никогаш не биле во возрасната група што може да ја прими вакцината во Велика Британија. Лажните информации се дека додека во Британија вакцината се забранува, во Австралија продолжува да се дава на населението. Но, Националниот институт за јавно здравје на Велика Британија и Ројал колеџот за гинекологија и акушерство препорачуваат бремени жени да примаат вакцини против ковид-19.

Во исто време и на Фејсбук, во Македонија, без посебно прецизирање, во постот што го рецензираме се наведува дека вакцината против ковид-19 е забранета во земјите ширум светот, но не се наведува на кои земји се мисли.

Њујорк Тајмс редовно објавува податоци за досега администрираните дози ширум светот по држави и евидентно е дека вакцината се дава насекаде во светот.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е точно дека вакцината против ковид-19 е забранета ширум светот.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција