Не е точно дека кулата на Водно предизвикува болести кај луѓето
Во објавата сосема паушално, без никаква експертиза и аргументација се тврди дека откако е поставена кулата на Водно „се мултиплицирале состојби и болести кај луѓето“. Тоа не е потврдено од ниедна домашна или странска здравствена организација. Кулата во моментов е зграда, има само бетон и железо, така што не може да разболи никого

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Кога пишував за Ајкулата Скопска сите ми се подсмевавте!!! порака; Скопје е под опсада со антената на Водно. Откако ја поставија се мултиплицираа состојби и болести кај луѓето.
Таа кула во моментов е само градежен објект, од материјал каков што имаат илјадници објекти низ Скопје. Дека многу луѓе се разболеле од тоа е сосема неточно и неиздржано. На врвот на Водно во моментот има десетина антенски системи, сите тие ќе се демонтираат и монтираат на таа кула. И тогаш кога ќе се монтира нема да има штетно зрачење како што нема ни сега, изјави за „Вистиномер“ професор Симов.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар