Не е точно дека лекот ЕБЦ-46 против рак е тестиран на луѓе и дека се покажал успешен

Лекот ЕБЦ-46 во 2014 година се покажал како ефикасен кај животни во лекување само на тумори кои не метастазираат. Во 2022 година научниците од универзитетот Стенфорд објавиле дека лекот откако се покажал успешен во лекување на некои тумори кај кучиња, почнал да се тестира кај луѓето. Значи, не е точно дека овој лек веќе е пробан кај луѓето и дека е ефикасен, како што се тврди во постот. Лекот сè уште е во фаза на испитување. Така што, постот манипулира и не ги открива сите податоци, па информацијата што ја пласира  е нецелосна и делумно точна

Лекот ЕБЦ-46 во 2014 година се покажал како ефикасен кај животни во лекување само на тумори кои не метастазираат. Во 2022 година научниците од универзитетот Стенфорд објавиле дека лекот, откако се покажал успешен во лекување на некои тумори кај кучиња, почнал да се тестира кај луѓето. Значи, не е точно дека овој лек веќе е пробан кај луѓето и дека е ефикасен, како што се тврди во постот. Лекот сè уште е во фаза на испитување. Така што, постот манипулира и не ги открива сите податоци, па информацијата што ја пласира  е нецелосна и делумно точна

 

 

Пост на Фејсбук тврди дека во Австралија постои билка која за 48 часа го уништува ракот. Информацијата која ја споделува постот е нецелосна и на тој начин манипулира со јавноста.

Инфо Австралија, на тв јавно .

ЛЕК ЗА РАК или ТУМОР.

Северна Австралија ,Квинсленд…расте билка од која се вади екстракт со назив EBC 46 кој за 48 часа го уништува туморот или ракот,со директно вбризгување на заболеното место.

Има слика од куче со тумор пред и после како пример .Тестирано и на човек,успешно.

Има и видео од тв објавата но поради заштита не е објавено.

Во постот што го анализираме недостигаат неколку клучни работи. Прво, веста за откритието на билката од која се вади екстрактот ЕБЦ-46 кој го уништува туморот, е стара повеќе од 8 години, што значи дека не е ништо ново и спектакуларно.

Станува збор за експериментален лек добиен од семето на овошје пронајдено во дождовните шуми во северниот дел на Квинсленд.

Лекот, наречен EБC-46, е произведен со екстракција на соединение од зрната на блескаво дрво, растение кое се наоѓа само во одредени области на Атертон Таблланд.

Еднократно инјектирање на лекот директно во модели на меланом во лабораторија, како и во рак на главата, вратот и дебелото црево кај животните, ги уништило туморите долгорочно во повеќе од 70 отсто од случаите, изјави во 2014 година водечкиот автор на студијата, д-р Глен Бојл, пренесува Гардијан.

Но, она што го нагласил Бојл е дека немале докази дека EБC-46 би бил ефикасен за лекување на рак кој се шири на други делови од телото, познат како метастатски карцином.

Неодамна беше доделено етичко одобрување за клиничките испитувања на луѓе од фаза 1, но дури и ако тие се покажат успешни, мала е веројатноста дека лекот ќе го замени конвенционалниот третман со хемотерапија, рекол Бојл.

Хемотерапијата сè уште се користи, бидејќи е многу ефикасна за многу луѓе, додал тој.

Но, EБC-46 можеби би можел да се користи кај луѓе кај кои, поради некоја причина, хемотерапијата не делува или за постари пациенти чие тело не може да издржи уште еден циклус на хемотерапија, изјавил Бојл.

Од 2014 година досега нема докази дека лекот ЕБЦ-46 е ефикасен во лекување на тумор кај луѓето. Имено, како што објави Стенфорд универзитетот од САД на 3 октомври 2022 година, EБC-46 неодамна влезе во клинички испитувања на луѓе по неговата исклучително висока стапка на успех во лекувањето на еден вид рак кај кучињата.

Соединението, означено со EБC-46 и технички наречено тигиланол тиглат, функционира така што промовира локализиран имунолошки одговор против туморите. Одговорот ги распаѓа крвните садови на туморот и на крајот ги убива неговите канцерогени клетки, посочуваат од Стенфорд.

Во 2020 година, Европската агенција за лекови и Агенцијата за храна и лекови во САД одобрија лек базиран на EБC-46, кој се продава под брендот Stelfonta, за лекување на рак на мастоцити, најчестите тумори на кожата кај кучињата. Една студија покажала стапка на излекување од 75 отсто по една инјекција и стапка од 88 отсто по втората доза. Оттогаш започнаа клиничките испитувања за рак на кожата, главата и вратот и ракот на меките ткива кај луѓето, велат од Стенфорд.

Од сето ова можеме да заклучиме дека лекот ЕБЦ-46 во 2014 година се покажал како ефикасен кај животни во лекување само на тумори кои не метастазираат. Во 2022 година научниците од универзитетот Стенфорд објавиле дека лекот откако се покажал успешен во лекување на некои тумори кај кучиња, почнал да се тестира кај луѓето. Значи, не е точно дека овој лек веќе е пробан кај луѓето и дека е ефикасен, како што се тврди во постот. Лекот сè уште е во фаза на испитување. Така што, постот манипулира и не ги открива сите податоци, па информацијата што ја пласира е нецелосна и делумно точна.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција