Не е точно дека Лондонската галерија ќе ја отстрани сликата на Јан ван Ајк

Фото: Принтскрин видео

Од Националната галерија за Ројтерс потврдуваат дека сликата на уметникот Јан ван Ајк  во моментот е изложена и нема никакви планови да се отстрани, ниту пак, досега за неа стигнале поплаки. Првпат оваа слика  била изложена во далечната 1843 година токму во Националната галерија во Лондон

Од Националната галерија за Ројтерс потврдуваат дека сликата на уметникот Јан ван Ајк  во моментот е изложена и нема никакви планови да се отстрани, ниту пак, досега за неа стигнале поплаки. Првпат оваа слика  била изложена во далечната 1843 година токму во Националната галерија во Лондон

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ

Лондонска галерија сака да отстрани слика од Јан ван Ајк по честите поплаки од посетителите за сличноста на фигурата на сликата со Путин.

Патем, сликата е создадена во 1434 година.

Сепак, наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, Националната галерија во Лондон нема намера да ја отстрани сликата на Јан ван Ајк, „Портрет на Арнолфини“ (брачната двојка Арнолфини),  поради тоа што човекот на неа (Џовани Арнолфини), наводно, наликувал на претседателот на Русија, Владимир Путин. Тоа за проверувачите на факти на Ројтерс, го изјавило лицето за односи со јавност на самата галерија.

Тој за Ројтерс вели дека сликата е изложена во соба 28 и нема планови да се отстрани.

Не постојат ниту какви било официјални соопштенија од Галеријата во кои било кажано дека портретот ќе биде отстранет, ниту пак, има  медиумски известувања за некаков наводен повик сликата да се отстрани.

Досега нема никакви поплаки за коишто сме чуле, или пак, некој да ги упатил до галеријата, изјавил портпаролот за Ројтерс.

Првпат оваа слика се најде на изложба во далечната 1843 година токму во Националната галерија во Лондон.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Од Националната галерија за Ројтерс потврдуваат дека сликата на уметникот Јан ван Ајк  во моментот е изложена и нема никакви планови да се отстрани, ниту пак, досега од некаде стигнале поплаки за неа. Станува збор за дезинформација.

 

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција