Не е точно дека Мајка Тереза ​​е мајка на докторот Ентони Фаучи и дека била дел од трговија со деца

Не е точно дека докторот Ентони Фаучи е син на Мајка Тереза, како што тврди Роза Розманира на Фејсбук. Од почетокот на пандемијата, Фаучи е личност за кого се дистрибуирани повеќе теории на заговор, меѓу кои и горенаведената, а оваа дезинформација е преведена на албански јазик од веб-страница која работи со дистрибуција на теории на заговор и дезинформации, при што авторот на веста се јавува под името „сатанизам“, пишува Порталб.мк.

Не е точно дека докторот Ентони Фаучи е син на Мајка Тереза, како што тврди Роза Розманира на Фејсбук. Од почетокот на пандемијата, Фаучи е личност за кого се дистрибуирани повеќе теории на заговор, меѓу кои и горенаведената, а оваа дезинформација е преведена на албански јазик од веб-страница која работи со дистрибуција на теории на заговор и дезинформации, при што авторот на веста се јавува под името „сатанизам“, пишува Порталб.мк.

Од Ардит Рамадани

Една дезинформација, која тврди дека експертот за имунологија во САД, Фаучи, е син на Мајка Тереза, е дистрибуирана скоро 30 пати на социјалната мрежа Фејсбук, иако не дава факти кои го поткрепуваат тоа.

„Новата бомба на Интел открива дека Др. Ентони Фаучи е син на покојната Мајка Тереза, која беше трговец со деца за Џефри Епштајн!“ пишува меѓу другите во оваа објава.

Покрај тоа, истата објава има некои апсурдни тврдења за ликот на Мајка Тереза, но не нуди никаков извор или доказ за поддршка на изјавите во написот.

“Dark Outpost” од каде е преземен написот, е демантиран десетици пати.

На веб-страницата “Dark Outpost” некои од категориите што им се нудат на читателите се следните: „Сатанизам“, „Заговори“, „Мрачни проекти“ и многу слични, кои во основа не содржат ништо реално. Написот за Мајка Тереза ​​и Ентони Фаучи е под името„сатанизам“.

Нема никаква врска помеѓу Фаучи и Мајка Тереза – потврдуваат нивните биографии

Според биографијата на Мајка Тереза, ​​што може да се види тука, Мајка Тереза ​​е родена на 26 август 1910 година во Скопје. На 18-годишна возраст, во 1928 година, таа им се придружила на „Сестрите од Лорето“ во Калкута, Индија.

Мајка Тереза ​​ги предводеше „Мисионерките на милосрдието“ (www.missionariesofcharity.org/) до непосредно пред нејзината смрт во септември 1997 година. Оваа организација се вклучи во скандал со трговија со деца многу години по смртта на Мајка Тереза, во 2018 година, кога една жена од „Мисионерките на милосрдието“ беше уапсена за продажба на бебе старо 14 дена, што може да се види во Известување на БиБиСи тука. Извештај на Ројтерс за ова може да се види тука.

Биографијата на Ентони Стивен Фаучи покажува дека тој е роден на 24 декември 1940 година во Бруклин, Њујорк, од родителите Стивен и Еугенија Фаучи. Ентони е „второто дете на родители од првата генерација италијански-американци“. Родителите на Ентони Фаучи се мртви, некролог на Њујорк Тајмс од 2008 година може да се најде тука. Мајката на Ентони Фаучи, Еугенија Лилијан Абис Фаучи, починала во 1965 година, прочитајте повеќе со кликнување тука.

Детален запис за семејството кое содржи фотографии, нацрт-картички и документи за имиграција за семејството Фаучи може да се најде составено од генеалогот Бредли Гренланд, а заинтересираните можат да го прочитаат со кликнување тука.

Веб-страница Motherteresa.org го документира и првото патување на Мајка Тереза ​​од Индија до Соединетите Американски Држави (САД) во јануари 1960 година, многу години по раѓањето на Ентони Фаучи во Њујорк.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција