Не е точно дека македонската влада „обезбедила илјада бесплатни станови“ за нејзините жители
Во објавата се мамат корисниците на социјалната мрежа Фејсбук, дека владата наводно бесплатно ќе додели илјада станови и дека со пристапувањето на линкот и тие самите ќе може да аплицираат за таквата можност. Станува збор за објава со единствена цел – да генерира интернет сообраќај односно лажни посети на надворешни веб-страници за недвижности, кои што воопшто не се поврзани со земјава, туку се однесуваат на станови и куќи во Калифорнија и во Тексас.
Во објавата се мамат корисниците на социјалната мрежа Фејсбук, дека владата наводно бесплатно ќе додели илјада станови и дека со пристапувањето на линкот и тие самите ќе може да аплицираат за таквата можност. Станува збор за објава со единствена цел – да генерира интернет сообраќај односно лажни посети на надворешни веб-страници за недвижности, кои што воопшто не се поврзани со земјава, туку се однесуваат на станови и куќи во Калифорнија и во Тексас
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Македонската влада одобри обезбедување на 1.000 станбени единици бесплатно во септември 2024 година, при што македонските жители и лицата над 40 години имаат приоритет да аплицираат. Можат да аплицираат и странци. Аплицирајте за домување. Дали сакате да добиете бесплатно станови во Македонија.
Во склоп на објавата се поставува и копче за наводно аплицирање кое води на надворешна веб-страница која нема поврзаност ниту со Северна Македонија, ниту со некаква одлука на владата да обезбеди илјада бесплатни станбени единици. Таква одлука на Владата во земјава не постои, а самата објава која ја рецензираме е начин на кој што се прави обид што повеќе да се зголеми интернет сообраќајот на надворешната страница, со лажен интернет сообраќај. На ваков начин некој заработува, затоа што „препраќа“ корисници да кликаат на надворешниот сајт.
На надворешниот сајт пак, има линкови до неколку агенции за недвижности во Америка, во Калифорнија и во Тексас. На овие сајтови изложени се фотографии и карактеристики на недвижнини кои се на продажба или пак се за изнајмување. Практично, со кликнувањето на овие сајтови, се зголемува нивниот интернет сообраќај, односно поголем број на луѓе ги гледаат недвижнините што се на продажба или подготвени за изнајмување. Становите и куќите на веб-страниците се за луѓе со ниски приходи но и за такви што бараат луксузни недвижности. Ниту една од страниците и ниту една од објавите на нив не се однесува на С. Македонија, ниту пак на некаква „програма“ на владата за обезбедување на илјада бесплатни станови за кои треба да аплицирате.
Единствената цел на вака креираната невистинита најава за „1000 станбени единици обезбедени од македонската влада“ е да се генерира интернет сообраќај, односно да се натераат што поголем број на корисници да пристапат до страниците кои што се рекламираат. Притоа, не се бара од нив да остават никакви податоци од кредитна картичка. Целта на оваа објава е исклучиво да дивертира интернет сообраќај на странските веб-страници кои рекламираат недвижнини, закуп на станови и куќи, односно домување.
Оваа кликбејт објава се повторува, овој пат „нудејќи“ 1000 бесплатни станбени единици наместо 800 во објавата во септември.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар