Не е точно дека мамографијата е најголем криминал на светот и дека е штетна за жените
Во моментов, нема студија што ја докажува појавата на рак на дојка кај „целосно здрави“ жени по мамографија. Очигледно е можно болеста да се појави помеѓу две мамографии, но овој факт не значи дека болеста е предизвикана од претходниот мамограм. Исто така, постои можност за „лажно негативен“ мамограм, кога изгледа нормално и покрај присуството на рак на дојка. Општо земено, мамографиите пропуштаат околу 1 од 8 видови на рак на дојка, особено кај жени со густо ткиво. Логично, како и секој друг метод во медицината, мамографијата има стапка на грешки. Но, од статистичка гледна точка, придобивките од мамографијата далеку ги надминуваат ризиците, а овој вид медицинско испитување е, во моментов, најефикасниот начин за откривање на рак на дојка во неговите рани, совршени фази за лекување
Во моментов, нема студија што ја докажува појавата на рак на дојка кај „целосно здрави“ жени по мамографија. Очигледно е можно болеста да се појави помеѓу две мамографии, но овој факт не значи дека болеста е предизвикана од претходниот мамограм. Исто така, постои можност за „лажно негативен“ мамограм, кога изгледа нормално и покрај присуството на рак на дојка. Општо земено, мамографиите пропуштаат околу 1 од 8 видови на рак на дојка, особено кај жени со густо ткиво. Логично, како и секој друг метод во медицината, мамографијата има стапка на грешки. Но, од статистичка гледна точка, придобивките од мамографијата далеку ги надминуваат ризиците, а овој вид медицинско испитување е, во моментов, најефикасниот начин за откривање на рак на дојка во неговите рани, совршени фази за лекување
Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека мамографијата е најголем организиран криминал на светот.
Жените кои се подложуваат на мамографски прегледи веројатно не се свесни за штетата што си ја нанесуваат.
Некои детали треба да се разгледаат пред да се одлучите за прегледот, 50-60% од „позитивните“ резултати се погрешни.
Значи, со дијагностицирање на „рак на дојка“, во 50-60% од случаите, испаѓа дека воопшто не постоел.
При испитувањето,градите се притискаат со тежина од 10 kPa (1019 kg/m2), така што здравото и многу чувствително ткиво на млечните жлезди е бомбардирано со радио таласи….
Го стимулира растот на туморот и ширењето на метастази за генетски мутации.
Студија од 690.000 слики покажа дека совршено здрави жени развиле рак на дојката во голем број случаи по мамографските прегледи.
Некои земји во светот не препорачуваат мамографија, стои меѓудругото во објавата.
Меѓу повеќе од 200-те форми на рак идентификувани досега, најчест, кај жените, е ракот на дојка. Неговиот третман често се поврзува со губење на едната или двете дојки. Според Светската здравствена организација, од 2021 година, ракот на дојка стана најчестиот вид рак на глобално ниво, сочинувајќи 12 проценти од онколошките случаи дијагностицирани годишно.
Во моментов, ракот на дојка може да се открие во раните фази со помош на медицински процедури и, откриен на време, станува состојба што може да се излечи со поволна долгорочна прогноза. Главниот метод за преглед на жените со цел откривање на рак на дојка е мамографијата, постапка што се препорачува да се спроведува годишно од страна на жените по 40-годишна возраст. Тоа е метод на скрининг што открива и анализира микрокалцификации, единствениот знак на рак на дојка.
Тврдењето дека повеќе од половина од позитивните тестови се всушност лажни нема апсолутно никаква основа, од едноставна причина што, во принцип, ракот, без оглед на неговата форма, не се дијагностицира само врз основа на еден тест, туку по неколку тестови, анализи и медицински процедури. Во случај на рак на дојка, тој никогаш не се дијагностицира само врз основа на мамографија, туку бара други испитувања. Во основа, мамографијата е само првиот чекор во откривањето на рак на дојка, пишува сајтот за проверка на фактите Вердика.
Во објавата што ја рецензираме се тврди дека 50 до 60 проценти од позитивните резултати биле неточни. Студија од март 2022 година од Универзитетот во Калифорнија Дејвис, цитира слични бројки кога ги анализира позитивните скрининзи кои воделе до повеќе дијагностичка работа, но не и дијагноза на карцином на дојка.
Ана Вилкинсон, онколог во „Отава хоспитал“ центарот за карцином, вели:
Мамограмот бил направен, но од мамограмот нема доволно информации и жената е замолена повторно да се врати за повторно снимање. Не им се кажува на овие жени дека имаат карцином. Тие пациенти може да го повторат мамограмот или да направат ултразвук пред да продолжат на биопсија препорачана за да се постави дијагноза за карцином.
Според British Columbia Cancer, околу 9 проценти од луѓето ќе треба да направат дополнителни дијагностички тестирања по нивната мамографија. Околу 95 проценти од вратените пациенти не добиваат дијагноза за карцином.
Во објавата што ја анализираме се предупредува дека при мамографијата дојката била компресирана и дека ткивото било бомбардирано со радиоактивно зрачење.
Професорката по радиологија на Универзитетот Британска Колумбија Паула Гордон, за Франс прес вели дека иако се случува притисок за време на мамографијата кој може да биде непријатен, сепак тој притисок е брз.
За време на мамографија компресијата е неопходна за да се експандира ткивото и да се детектираат карциномите, но и за да се постави градата на начин да ѝ треба помалку радијација, вели таа.
Студија од Шведска од 2013 година која се занимавала со тоа дали компресијата би можела да влијае на туморските клетки, не најде такви докази и затоа се заклучува дека мамограмите не се опасни.
Од Хелт Канада за Франс прес велат дека телото може да ги репарира клетките кои можеби биле оштетени од радијација за време на мамограм.
Корисноста од рана дијагноза и третман за карцином на дојка далеку ги надминува ризиците од малата количина на радијација која се добива за време на мамограмот, велат оттаму.
Онкологот Ана Вилкинсон од болницата Отава, исто така ги отфрла тврдењата дека мамографијата води кон преголемо дијагностицирање на случаи каде на пациентите им се кажува да се борат со карцином кој не би им нанел штета ако би бил оставен нетретиран.
Многу ретко има карциноми кои не растат или не прават ништо и исчезнуваат, вели таа, додавајќи дека кога болеста е откриена рано, пациентите имаат повисоки стапки на преживување, отколку во подоцнежните стадиуми на карциномот на дојка, а и третманот што го поминуваат е помалку интензивен.
Таа додава дека дезинформациите за мамографијата водат до студија од 1980 изработена од Canadian National Breast Screening Study.
Во студијата се заклучува дека мамограмите генерално не ја намалуваат стапката на смртност и дека пациентите се премногу дијагностицирани. Но, методологијата оттогаш наваму се става под знак прашање, бидејќи учесниците кои веќе се сомневале дека можеби имаат карцином на дојка биле ставени во контролната група на студијата.
Други студии кои ја испитувале прекумерната дијагноза, особено кај пациенти над 70 години, ги советуваат докторите да ги земат предвид личните ризик фактори кога препорачуваат дополнителен скрининг. Од францускиот национален институт за карцином велат дека научниците продолжуваат да работат на идентификација на споропрогресирачките карциноми за да понудат соодветен третман.
Во моментов, нема студија што ја докажува појавата на рак на дојка кај „целосно здрави“ жени по мамографија. Очигледно е можно болеста да се појави помеѓу две мамографии, но овој факт не значи дека болеста е предизвикана од претходниот мамограм. Исто така, постои можност за „лажно негативен“ мамограм, кога изгледа нормално и покрај присуството на рак на дојка. Општо земено, мамографиите пропуштаат околу 1 од 8 видови на рак на дојка, особено кај жени со густо ткиво. Логично, како и секој друг метод во медицината, мамографијата има стапка на грешки. Но, од статистичка гледна точка, придобивките од мамографијата далеку ги надминуваат ризиците, а овој вид медицинско испитување е, во моментов, најефикасниот начин за откривање на рак на дојка во неговите рани, совршени фази за лекување, пишуваат проверувачите на факти на Вердика.
Од сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар